03 Мај, 2024
0.0255

ДОЖД ОД НАГРАДИ ЗА ALFA ROMEO

“Best Sports and Performance Car” и “Нов автомобил на годината 2018”, дел од наградите и признанијата за Stelvio и Giulia

Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Италијанскиот производител Алфа Ромео со моделите Stelvioи Giulia ги освои најпрестижните награди во автомобилската индустријата. Возилата на Alfa Romeo се наменети за клиентите кои кои го надминуваат концептот на ‘корисно средство за превоз’ за да навлезат во светот на вистинската ‘возбуда’. Кај Alfa Romeo ова е сконцентрирано во еден збор: Страст.

Оставајќи ги конкурентите далеку зад себе, првиот SUVна Alfa Romeo, моделот Stelvio ја освои една од најпрестижните награди “Нов автомобил на годината 2018. Наградата свечено беше доделенаво Милано, на настанот Quattroruote Day, пред видни претставници од автомобилската индустрија и новинари.

Со освоени 34,2% од вкупниот број на гласови дадени од читателите на магазинот Quattroruote што гласале на порталот на магазинот, првиот SUV на Alfa Romeoги надмина навистина силните конкуренти од дури 12 модели од различни сегменти и брендови. Победата е уште повпечатлива кога ќе се земе во предвид големата разлика во бројот на освоените гласови помеѓу Stelviо и второ и трето пласираниот автомобил во изборот (со освоени 10% и 9,2% од гласовите).

Наградата „Нов автомобил на годината 2018“ ја потврдува неспорнатапривлечност на Stelviо за пошироката публика, пред се поради неговиот елегантен, спортски стил, комбиниран со врвна управливост и врвни перформанси. Инаку, моделот претставува врв на сигурност, ги поседува петте ѕвездички на Euro NCAP, и ја има титулата "најбрз SUV на писта" благодарение на рекордниот круг на Stelvio Quadrifoglio на легендарната германска патека во Нирбургринг. 

Исто така, моделот Stelvio триумфираше и во инаугуралното издание на CCT100 Awards на Company Car Today, во категоријата на “Premium SUV”. Во оваа прилика Stelvio ја доби првата награда поради нискиот обем на емисии и неговата сериска опрема за безбедност, како и благодарение на неговиот елегантен и спортски стил и неговите извонредни карактеристики за возење.

Во рамките на изданието 2018 година, на наградата “What Car? Car of the Year” на британското списание What Car?, Alfa Romeo Stelvio доби и номинација во категоријата “Large SUV”.

Успехот на Giulia од минатата година се потврдува

Аlfa Romeo Giulia повторное“Best Car 2018” според “Auto Motor und Sport”. Втора година по ред, мислењето на читателите на славното специјализирано списание “Auto Motor und Sport” не дозволува реплики, за нив новата Alfa Romeo Giulia е најдобриот автомобил од увоз во средна класа. Ова е резултат на гласањето за признанието “Best Car 2018″. За време на 42-то интернационално издание на изборот на читателите, Alfa Romeo Giulia доби вкупно 22,4 проценти од гласовите. Читателите на 18 списанија од Европа и надвор од неа проценуваа за 385 модели во единаесет различни категории.

За време на “Car of the Year” на британското списание What Car? Моделот Giulia Quadrifoglio е избрана за “Best Sports and Performance Car”. Спортската лимузина беше оценувана од страна на тимот од експерти на секторот What Car?, победувајќи ја воинствената и докажана конкуренција. Титулата “Best Sports and Performance Car” е последната од една долга серија, Giulia всушност доби дури седум награди во секторот само во Велика Британија во текот на последниве 12 месеци.  За време на настанот, Alfa Romeo Giulia доби номинација и во категоријата “Executive Saloon.

Ова се само дел од престижните награди на врвните модели на Алфа Ромео, а тоа го потврдуваат и петте ѕвездички на EuroNCAP. Во иднина компанијата се стреми кон остварување на извонреден резултат и уште поголем број на признанија и награди во нивниот сегмент.

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија