Доживотен затвор за Русинки кои биле дел од Исламска држава
Објавено во: Свет 29 Април, 2018
19 руски државјанки кои биле припаднички на Исламска држава (ИД) се осудени на доживотен затвор од судот во Багдад. Осомичените жени кои во судницата биле со деца, судот ги прогласил за виновни поради членство во Исламска држава и помагање на оваа терористичка организација.
Покрај 19 Русинки, за истите дела на доживотен затвор се осудени и 6 државјанки на Азербејџан и четири на Таџикистан. Во последниве неколку недели, во Ирак се осудени повеќе странски државјани поради поврзаност со ИД. Обвинетите комуницирале со судот преку преведувачи.
„Не знаев дека сме во Ирак. Со сопругот и децата се упативме кон Турција, каде што планиравме да живееме, а потоа одеднаш сфатив дека всушност сум во Ирак“- рекла една од обвинетите.
Судијата во процесот рече дека една од Русинките, Марија, била христијанка која заедно со својот сопруг го прифатила исламот. Другите отсекогаш биле муслиманки.