ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Европа би можела да умре
Објавено во: Свет 17 Ноември, 2016
Францускиот премир Мануел Валс во Брисел изнесе катаклизматична прогноза дека Европа би можела да умре, во светло на политичките случувања ширум светот.
Тој тоа го рекол на настанот кој го организирал германскиот Зидојче цајтунг , со осврнуавње на состојбата во Европа, но и анализирајќи ја состојбата во Франција.
Валс на прашањето дали победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД би можела да доведе до триумф на десничарската Марин Ле Пен во Франција одговорил кратко, но загрижувачи јасно:
„Можно е“.
Според извештајот на весникот Паризине, Валс рекол дека „постои опасност“ , со барање да се „има слух за бесот на луѓето“. Понатаму предупредил дека Европа би можела да умре, истакнувајќи ја потребата Франција да продолжи со своите реформи, со повик за Германија да инвестира повеќе како би се зголемил растот во Европа. Влас побарал од Европа да престане да биде наивна во подрачјето на меѓународната трговија и имиграција, како и дека јасно мора да каже кој може, а кој не да влезе и остане на континентот.