02 Мај, 2024
0.0287

Другите албански партии не го поддржуваат потегот на БЕСА што го направи со СДСМ

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Предизборното коалицирање на Движењето БЕСА со СДСМ како политички преседан во меѓунационалните односи во Македонија наиде на разочарување кај преостанатите албански партии од земјата.

Арбер Адеми, министерот за образование од редовите на ДУИ, актуелниот коалиционен партнер на СДСМ, последен го искажа своето видување со коментар дека, наместо ваква коалиција, „очекувал  најголемото спојување на помалите албански партии“ да излезат на мегдан против неговата на 12 април. Со овој потег, според него, БЕСА прави дефакторизација на албанските гласови.

– Жалам поради тоа што нема обединување на помалите албански партии во земјава. Ваквиот чекор може да се смета како чекор кој се коси со интересите на Албанците и кој претставува разочарувачки обид за преживување на политичката сцена – рече Адеми во емисијата „Патот Кон“ на ТВ Алсат.

Инаку, официјалниот став на ДУИ за новата коалиција меѓу СДСМ и БЕСА е дека тоа е во спротивност со интересите на Албанците во нашата земја. Вицепремиерот Бујар Османи нагласува дека овој договор е против Бадентеровиот принцип и против Рамковниот договор и води кон расцепување и дефакторизирање на албанскиот глас.

„Денеска ние имаме ситуација на дополнително дефакторизирање на албанскиот глас во државата и ние навистина изразуваме жалење што заради лични, партиски интереси не успеа тоа што ние го повикувавме со недели и месеци, дека помалите албански политички партии и фракции треба да се здружат. Денешниот сојуз или топење на Беса во СДСМ е спротивно на интересите на Албанците, и улогата на Рамковниот договор и улогата на Рамковниот договор и двојното бадентерово мнозинство во заштита на интересите на Албанците и единствена цел има, ако можам да кажам, спасување на Беса од исчезнување од политичка сцена, со што се кршат сите принципи и интереси на граѓаните кои што треба да ги претставуваат“, изјави Османи.

Поранешниот пратеник на ДПА и ДУИ , Хисни Шаќири, овој потег на Движењето Беса го нарече избрзан. Според него, оваа одлука може да биде пречка за реализација на албанските национални интереси во Северна Македонија во иднина.

Во говорот на еден од поранешните команданти на ОНА, кој сега има своја партија, етничките интереси треба да се бараат во албанскиот опозициски блок, додека на овој начин БЕСА всушност му носи албански гласови на СДСМ.

За потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, сепак овој потег е историски и направен со принципиелен договор без уцени.

„Не само јас, туку и сите во СДСМ и граѓаните се горди што дојдовме до овој момент да коалицираме пред избори. До 2016-та можеше само да се сонува вакво нешто. Другите не веруваа ниту во тоа дека почнаа албански гласови да одат за македонска партија, но се случи. Ова е историски момент кога две партии од различна етничка заедница ќе настапат заеднички на избори. Многу почесно е вака да се постапува, предизборно. Покажуваме нови вредности. И покажуваме дека луѓето полека се ослободуваат и го тргаме оној национализам што беше присутен”, рече Зекири во емисијата „Топ Тема“.



Можеби ќе ве интересира

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар