03 Мај, 2024
0.0747

ДРЖАВНИОТ КОНТИНУИТЕТ Е НАШ ТРЕТ ИЛИНДЕН: Премиерот Заев порача-блиску е денот кога Бугарија нема да биде пречка за Северна Македонија

Објавено во: Македонија 02 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Оваа година одбележуваме 3 децении од независноста со една единствена желба – Нека е вековита и да го чуваме и негуваме и тој историски настан како скапоцен дел од нашиот државен континуитет. Државниот континуитет како наш Трет Илинден, истакна премиерот Зоран Заев од Пелинце.

Нашиот трет Илинден е печатот ставен на личната карта на Северна Македонија во Обединетите Нации, држава во која официјален и службен е македонскиот јазик, рече Заев, додавајќи дека нашиот трет Илинден е и нашата борба и нашата победа на демократските наспроти декадентните вредности. Победата на парламентаризмот и дијалогот наспроти едноумието, омразата и насилството.

-Оваа година, кога одбележуваме уште една годишнина – 20 години од Охридскиот рамковен договор, наша обврска е постојано да се грижиме да го одржуваме и негуваме нашето едно и еднавкво општество за сите. Секој од нас, секој граѓанин е важен и незаменлив, дел од нашиот мозаик. Тоа заедништво, што се градеше со векови, за нас претставува обврска за нашата заедничка иднина. Континуитетот во остварувањето на нашите стратешки интереси како наш Трет Илинден е и нашето членство во НАТО. Бевме горди кога во исто време пред седиштето на НАТО во Брисел, во Командата на сојузничките сили за операции во Монс и во Командата на сојузничките сили за трансформации во Норфолк во Соединетите Американски Држави, се издигна македонското знаме, додека се интонираше македонската химна како симболи на потврдениот македонски идентитет. Во тој дух, овој свечен ден не повикува да продолжиме и понатаму кон остварување и на нашата втора стратешка цел – членството во Европската Унија. На безбедноста на нашиот дом, татковината Северна Македонија го додадовме и пријателското соседско опкружување. Северна Македонија со ништо и никому на соседите не му наштетила низ историјата, ниту пак има намера тоа да го прави во иднина. Ние денес со гордост сме една од водечките земји кои наспроти блокадите и ризиците од нови ѕидови, ги слушаат потребите на своите народи и рушат граници. Ние денес заедно со нашите соседи градиме Отворен Балкан, ги рушиме препреките и се бориме за поголеми слободи на нашите граѓани. Градиме нов, европски, поврзан Балкан врз широко прифатените идеи за подобар живот за сите, за заедништво, за помагање, за олеснување, за слободно движење, за слободно мислење и создавање. И тоа е нормална и очекувана иницијатива после историскиот Договор од Преспа со кој го решивме спорот со Грција, како позитивен преседан во историјата на дипломатијата. Јас сум уверен дека Република Бугарија е пријател и дека е многу блиску денот кога и македонскиот и бугарскиот народ ќе се уверат дека Бугарија нема да биде пречка за Северна Македонија, порача Заев од Пелинце.

Увери дека од двете страни има паметни и способни луѓе, визионери, кои ќе си дадат шанса и ќе се разберат, во интерес на своите народи.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?