01 Мај, 2024
0.0284

Дуалното образование - инвестирање во иднината

Објавено во: Мои пари 06 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Пред неколку дена, повторно ја прочитав приказната за сиромавиот човек кој побарал риба од рибарот за да се прехрани. Наместо риба, рибарот му ја дал јадицата и го повел со себе на отвореното море. Сиромавиот човек бил вчудоневиден од оваа постапка. Очекувал риба, а не јадица. Тогаш рибарот му рекол дека е помудро да го научи да лови риба за да може сам да се прехрани, отколку да му даде риба и во моментот да ја задоволи потребата од храна, а утредента пак да биде гладен.

Оваа приказна ме поттикна да направам споредба со улогата на дуалното образование. Да се оспособат учениците со теоретски и релевантни практични знаења и вештини и да се подготват полесно да бидат препознаени нивните компетенции од страна на работодавачите за побрзо вработување. Со тоа младата личност ја обезбедува својата иднина. Тоа всушност значи дека дуалното образование е инвестирање во иднината.

Но што, навистина, претставува дуалното образование? Самиот збор наведува - образование за стекнување квалификација неопходна за ефикасна и продуктивна работа во одредено занимање, преку теорија и пракса што се стекнуваат во училиштето и практична обука што се реализира кај соодветен работодавач . Тоа е зајакната врска и соработка помеѓу образовните институции и реалниот сектор, без разлика на големината на компанијата во испораката на релевантни квалификации од II, III, IV, V или VI ниво на Националната рамка на квалификации (Закон за Националната рамка на квалификации).

Гледано низ времето, пред три години, дуалното образование беше процес на препознавање, но сега станува потреба за компаниите. На почетокот, беше пилот-проект само во едно стручно училиште како плод на меѓусебната соработката на ЕТУЦ „Михајло Пупин“ - Скопје и компанијата „ЕВН Македонија“, а сега се движи во насока на решавање на проблемот на реалниот сектор за обезбедување адекватна работна сила. Расте бројот на компании кои бараат соработка со стручните училиштата за развивање и обезбедување квалификации за нивните потреби.

Ваквиот тип на образование игра клучна улога во интеграцијата на образованието и обуката во процесот на обезбедување стручни знаења, развој на вештини и компетенции, како и вклучување во процесот на работа, со фокус на технолошките и работните процеси. Низ процесот на дуалното образование и креирање на образовни програми за потребите на соодветната компанија, учениците се оспособени да покажат стручност и да преземат одговорност и самостојност што ќе придонесе за конкурентност на претпријатието. Затоа, дуалното образование има незаменлива улога во обезбедувањето адекватна работна сила со потребните вештини и компетенции за поддршка на економскиот раст на општеството, имајќи го предвид Извештајот на ЕК за нашата држава во кој стои дека околу 80% од невработените се долгорочно невработени, како резултат на неусогласеност на вештините.

Но, иако дуалното образование станува неопходно за да се воспостави рамнотежа помеѓу побарувачката на оспособена работна сила и понудата на релевантни квалификации, во процесот на воведување се воочуваат низа предизвици и се јавува потреба од системски пристап на решавање на предизвиците. Но не шминка, туку вистински и издржани решенија.

На почетокот мора да се разграничи дека постојат два модела на дуално образование, односно два приода за стекнување иста квалификација:

1. Дуално образование, преку процесот на учење преку работа, за квалификација која се стекнува во училиште , поголем дел се реализира во училиште (55% - теорија и пракса) и помал дел, практичната обука, се реализира во компанија (45%)и

2. Дуално образование, преку процесот на учење преку работа, за квалификација која се стекнува на барање на работодавач, при што најголем дел од практичната обука се реализира во компанија (60-70%), додека помал дел се реализира во училиште (40-30% - теорија).

Кога ова ќе се расчисти, следен чекор е системско решавање на процесот на воведување на дуалното образование, односно неопходни се измени во Законот за стручното образование и хармонизација со останатите закони што ја регулираат оваа област, како и надминување на пречките за целосно воведување во системот.

И на крај, обезбедување финансиски средства, односно опремување на стручните училишта, субвенционирање на работодавачите за реализација на практичната обука и надомест за работата на учениците. Реализацијата на квалитетно дуално образование бара одржливи финансиски средства.

Ни останува да заклучиме: Учениците треба да ги научиме да ловат и да бидат оспособени за својата работа, а не да им дадеме уловена риба. Тоа значи дуалното образование е вложување во иднината. Ако дуалното образование овозможува долгорочно планирање на развојот на бизнисот, обезбедување работна сила и решавање на празнините за потребните вештини и квалификации, тогаш е потребна квалитетна имплементација, а не импровизација.

Наташа Јаневска, самостоен советник 
во Стопанската комора на Македонијa


Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор