ДУИ официјалнo ги објави имињата, за едно министерство засега нема одлука
Објавено во: Македонија 19 Август, 2020
ДУИ го објави списокот на предлог министри за министерствата во кои ќе има свои кадри.
Ова се кадровските решенија:
Министерство за финансии – Фатмир Бесими
Министерство за надворешни работи – Бујар Османи
Министерство за информатичко општество – (ќе биде дополнително одлучено)
Министерство за животна средина – Насер Нуредини
Министерство за економија – Крешник Бектеши
Министерство за политички систем и вицепремиер – Артан Груби
Талат Џафери останува собраниски спикер.