02 Мај, 2024
0.0258

ДУНА со ново решение за управувањето со печатењето и со документите

СОФТВЕРОТ MADE IN MACEDONIA - ЗА ЛИДЕРСТВО ВО РЕГИОНОТ

Објавено во: Мои пари 06 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

ULTIMA Records Management System е решение кое што е скицирано од идеја на хартија, до изведба, од наши, македонски, инженери и програмери, што нè прави особено горди”, вели Коце Петров од ДУНА.

Не може да го најдете документот што го барате? Не знаете каде се наоѓа регистраторот со договори? Претрупани сте со хартија? Ова се само мал дел од проблемите со кои што компаниите секојдневно се среќаваат при печатењето и управувањето со документите, а во суштина, прашања што оперативно знаат да ја загушат тековната работа.


Програмерскиот тим на ДУНА, една од водечките домашни компании кои што призведуваат софтвер Made in Macedonia и, како таква, препознаена со апликативните решенија во Регонот, но и пошироко, лансираше нов софтверски пакет за управување со печатењето и менаџментот на документите, базиран врз ULTIMA платформата. ULTIMA Records Management System, едноставно кажано, е електронска архива, која што е вклопена во концептот за печатење, управувајќи го животниот циклус на еден документ, од креирање, печатење, негова употреба и сочувување – физички и дигитално, пребарување, до неговото контролирано уништување.

“ULTIMA Records Management System е решение кое што е скицирано од идеја на хартија, до изведба, од наши, македонски, инженери и програмери, што нè прави исклучително горди. Особено што ДУНА е првата и единствена IT компанија во Регионот која што има искреирано сопствен софтвер за управување со печатењето и уредувањето на документите. Во креирањето, ги имавме во предвид барањата и очекувањата на нашите клиенти од едно вакво интегрирано решение, секако, следејќи ги светските трендови во овој сегмент. Имаме врвен софтвер со кој компаниите ќе ги однесат на повиско ниво процесите на печатење и управување со документите”, вели Коце Петров, соосновач и одговорен за дизајн и развој на софтвер во ДУНА.



Тестирањата во реална околина,велат во ДУНА, покажуваат декаULTIMA Records Management System е максимално доверлив систем, кој што со еден клик обезбедува комплетно управување со документите и манипулација со физичката архива на документи, нејзино складирање, без оглед на оддалеченоста и локацијата каде што тие се физички се сместени, нивно испраќање, примање, обработка, преглед или превземање на податоци, до контролирано уништување. Со оглед на тоа што на аплицираните решенија на ДУНА, во сегментот на печатењето и менаџментот со документи, се работи во четири земји во Регионот, ова компанијата ја прави регионален лидер со сопствен, домашно креиран и изведен софтвер. “Лидерство на ДУНА во Регионот е резултат на долгорочен и макотрпен развој. За нашите активни аплицирани решенија кај компаниите во Македонија, Србија, Албанија и Косово говорат бројките: во моментот, околу 2.000 деловни субјекти користат наши мултифункционални печатари и системи во овие земји, каде што имаме инсталирано 8.000 вакви машини и софтвер кај актуелни корисници. Можеби звучи претенциозно, но фактите се дека 1.800.000 копии дневно или 600 милиони копии годишно се печатат на наши мултифункциски машини”, велат во ДУНА. Со речиси двоиполдецениска експертиза на полето на печатењето и управувањето со документи, во ДУНА нагласуваат дека искреирале систем од кој што компаниите, без оглед на големината или индустријата во која што делуваат, ќе имаат повеќекратна полза. Пред сè, во значителното намалување на месечните трошоци за печатење; потоа во прегледноста на управувувањето со сите документирани записи; во зголемување на безбедноста на документите; како и во намалувањето на емисијата на CO2.


“Главната цел во креирањето на ULTIMA Records Management System ни беше создавање на едноставен, лесен за употреба и максимално доверлив систем кој на корисниците со еден клик ќе им ги даде можност за преглед и превземање на побарана електронска копија од сочуван документ, а сето тоа со контролиран пристап на корисниците до документите. Оттука доаѓа и високото ниво на безбедност на системот и заштита од повреда на законски регулативи, како и сигурното чување на високоризични информации. Покрај тоа што е лесен за употреба и за персонализација, унапредувајќи ги работните процеси, конечно ULTIMA Records Management System прави и директна заштеда на трошоците од најмалку 30 отсто, како што се трошоците на хартија, на електрична енергија, на работни часови за вработените”, вели Петров. 

Во Компанијата нагласуваат дека ULTIMA Records Management System, како нова услуга, ќе започнат од побиску да ја комуницираат со деловната задница, претставувајќи ги од прва рака бенефитите од користењето на системот. Како прва таква активност, во ДУНА ја најавуваат презентацијата на ULTIMA Records Management System за членките во Стопанската Комора на Македонија, која што е најавена да се одржи во петок на пладне, на 7 јули, во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор