Двајца Срби од Закинтос стигнаа дома: Платија кауција, и ќе се борат од слобода
Објавено во: Балкан 14 Јули, 2017
Само кога го допревме српското тло...Денес славиме дупло, бидејќи Ненад има роденден и сите сме веќе кај него во Речица. Просто се гушам од среќа бидејќи правдата е на наша страна и конечно сме дома-ги пренесува впечатоците Синиша Петровиќ (22) од Житен Поток кај Прокупље кој утрово со најдобриот другар Ненад Јовановќ (22) слетал од Грција на белградскиот аеродром.
На нив двајца им е овозможено да се бранат од слобода, за учество во убиството на американскиот турист на Закинтос. Среќата за нив е дупла, бидејќи Ненад денес полни 22 години.
Првото место на кое отишле кога дошле во својот роден крај е црквата Свети Прокопиј во Прокупље.
„По истрагата, прегледот на сите снимки конечно се потврди вистината дека не учествувавме во убиството и дека не сме виновни. Благодарение на пријателот кој го најде таткото на Синиша а кој е по потекло од Србија уплатена ни е кауција, бидејќи така мора. Најважно после се е дека се потврди нашата невиност“, вели Ненад додека се поздравува со соседите“, пишува српски курур.
Откако платиле кауција, грчките власти ги пуштиле Ненад Јовановиќ и Синиша Петровиќ.
Поедини медиуми од утрово јавуваат и дека уште едно момче е пуштено да се брани од слобода, а дека износот на кауцијата бил по 5 000 евра.
На останатите осомничени на терет им се става тешко убиство со намера, иако сите уапсени негираат вина. Бранителите на уапсените Срби веруваат дека обвинителството ќе го преквалификува ова кривично дело.
„Засега на терет им се става убиство со умисла бидејќи е заклучено дека однапред се одлучиле за убиство. На уапсените им се подготвува најтешкото обвинение кое би можело да им донесе казна доживотен затвор“, пренесуваат грчки медиуми.
Да потсетиме, државјанин на САД Бакари Хендерсон (22) кој на Закинтос е претепан до смрт во ноќта помеѓу четвртокот и петокот, завршил американски колеџ и сакал да покрене своја модна линија.