ЏОНСОН ОФИЦИЈАЛНО НОВ ПРЕМИЕР: Оние кои се кладат против Британија ќе останат без ништо
Објавено во: Свет 25 Јули, 2019
Борис Џонсон е новиот британски премиер и официјално.
Тој ја презеде функцијата од Тереза Меј, а кралицата Елизабета Втора од него побара да формира нова администрација.
Од Бакингамската палата е соопштено дека Џонсон го прифатил мандатот.
Поздравен со аплауз додека излегувал на подиумот пред Даунинг стрит, Џонсон рекол дека кралицата го повикала да формира влада и дека тој го прифатил тоа.
Џонсон во говорот ги поздравил напорите на својата претходничка Тереза, но навел дека и покрај нејзината работа има песимисти кои мислат дека Британија станала „заложник на договор од 2016 година“.
Борис доаѓа на местото на Меј по кампањата за избор на нов лидер на Конзервативната партија во текот на која ветил дека ќе го спроведе Брегзит до 31 октомври - со или без постигнат договор.