02 Мај, 2024
0.0256

Еден од основачите на Епл открива зошто никогаш нема да го купи новиот iPhone X

Објавено во: Стил 01 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Коосновачот на Епл, Стив Вожњак, е вистинска легенда од Силициумската долина, кој никогаш не се плашел на луѓето искрено да им го каже своето мислење за новата технологија. 

Тој неколку децении не е во Епл, иако својата репутација и богатство ги стекна развивајќи ги Епл 1 и Епл 2 компјутерите, и никогаш не се плашел да ја искритикува компанијата секој пат кога ќе добиел впечеток дека свртуваат од курсот кој го поставил нејзиниот основач Стив Џобс.

Познат како љубител на  iPhonе, изгледа дека iPhone X ќе биде прв телефон кој нема да го купи.

-Подобро ќе чекам и само ќе го гледам овој модел. Целосно сум задоволен со својот iPhonе 8, кој е ист како седмицата, која е иста како шестката, изјавил за  CNBC.

Откако ги слушнал неговите забелешки, извршниот директор на Епл, Тим Кук, веднаш на Вожњак му испратил еден бесплатен примерок.

И покрај тоа што на почетокот му се допаднал, Вожњак по неколку недели го променил  мислењето.

На телефонот имало една работа која била спротивна на интуитивното корисничко искуство на кое сопствениците на iPhonе навикнале.

-Копчето за вклучување на телефонот од страна може да извршува различни функции ако го притиснете брзо или двапати, и повторно нешто поинаку ако го притиснете три пати. А , ако се обидете да ги користите тастерите за зголемување или намалување на звукот, секој допир повторно може да активира различна функција. Тоа воопшто не ми се допаѓа“, изјавил Вожњак.