10 Мај, 2024
0.0254

Едукативни трибини во организација на Ерсте Банка и Шпаркасе Банка Македонија

Објавено во: Мои пари 05 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

По повод одбележувањето на првата деценија од банкарското работење во Р. Македонија, Шпаркасе Банка одржа две едукативни трибини, во исто време, на две различни локации. Во просториите на „Јавна соба“ се одржа едукативна трибина на тема „Улогата на малите бизниси и поддршка од банките за нивниот развој“, додека на трибината во гимназијата „НОВА“ се зборуваше за „Улогата на финансиските институции во развојот на претприемништвото и пристапот до фондовите“. Говорници и на двете теми беа реномирани претставници од Штаермаркише Шпаркасе Групацијата и од домашната финансиска фела.

На настанот во „Јавна соба“ свое поздравно обраќање имаше г. Саша Боко, член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, додека на панел-дискусијата на темата зедоа учество и г. Сава Далбоков, член на Управниот одбор на Штаермаркише Шпаркасе и претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, како и г. Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Р. Македонија. Г-ѓа Марија Матовска, национален координатор на Наградата за социјално претприемништво, говореше на темата „Улогата на банките во развојот на социјалното претприемништво“.

Во исто време, во просториите на гимназијата „НОВА“ едукативната трибина со свое обраќање ја отвори г. Иван Новаковски, менаџер на меѓународното училиште „НОВА“, а панелисти во едукативната дискусија на темата беа и д-р Георг Бухер, член на Управниот одбор на Штаермаркише Шпаркасе Банка, и г-ѓа Дијана Десподов, извршен директор на Американската стопанска комора на Македонија. Трибините претставуваа одлична можност за споделување важни препораки и насоки за унапредување на развојот на малите бизниси како една од алтернативите за поголем економски развој и секако за охрабрување на младите претприемачи да преземат иницијатива и со поддршка на банките како Шпаркасе Банка да ги реализираат своите бизнис-идеи и да изградат успешни приказни во Македонија.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата, која се состои од 49 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Република Австрија. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Заедно со банките ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот – Штаермеркише Шпаркасе, која со својата билансна сума од 15 милијарди евра, 2.751 вработен и 233 експозитури и регионални центри опслужува околу 702.414 клиенти во овие земји од регионот на Југоисточна Европа.



Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори