ЕК им нуди работа на 6.000 млади лица
Објавено во: Свет 10 Јули, 2017
Шест месеци по лансирањето на Европскиот корпус за солидарност, Европската комисија нуди работа и практиканти на барем 6.000 младинци по два проекти во Франција и Италија.
ЕК поддржува два проекти кои ќе понудат поврзани со солидарноста работа или стажирање во друга земја од ЕУ, објавија од Комисијата.
Двата проекта се предводени од француската јавна служба за вработување ( "Pole Emploi") и италијанската Национална агенција за активни политики за вработување (ANPAL). Тие здружуваат служби за вработување и организации од различни држави членки на ЕУ, на пример организации на работодавачите и институти за обука, за да обезбедат можности за работа или стажирање во области поврзани со солидарноста, на младите на возраст меѓу 18 и 30 години.
Проектите се финансираат со над 14 милиони евра од програмата за вработување и социјални иновации на ЕУ.
Двата проекта во Италија и Франција ќе продолжат до 2019 година.
Широк спектар на организации можат да се вклучат во иницијативите на Корпусот за европска солидарност: невладини организации, граѓански организации, национални, регионални и локални власти или социјални претпријатија, на пример. Тие можат да аплицираат со проекти, а во моментов 8 програми на ЕУ финансираат вакви проекти.
Онлајн системот на Европскиот корпус за солидарност овозможува организациите и младите луѓе заинтересирани за стаж за солидарност, да се поврзат директно.
Кога се регистрираат, освен личните податоци, младите можат да ги наведат своите вештини, искуство, преференции и мотивација, како и да испратат свои биографии.
Европскиот корпус за солидарност беше формиран на 7 декември 2016 година. Институцијата им нуди на младите луѓе на возраст меѓу 18 и 30 години можности да учествуваат во бројни активности на солидарност, насочени кон предизвиците во цела Европа. Ова не само што ќе им овозможи да добијат неоценето искуство и да се здобијат со важни вештини во почетокот на кариерата, но исто така е важна алатка за промовирање и зајакнување на солидарноста - една од најосновните вредности на Европската унија, посочуваат од Комисијата.
Од почетокот речиси 24 000 млади Европејци се регистрирани во Европскиот корпус на солидарноста - целта е да се вклучат 100 000 млади луѓе до крајот на 2020 година.