03 Мај, 2024
0.0274

ЕКСКЛУЗИВНА ВЕСТ: МПЦ под името Охридска Архиепископија во канонско единство ќе биде повикана од Вселенската патријаршија

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Вселенската патријаршија ќе ја тргне шизмата од МПЦ, како прв чекор кон конечното решение за деценискиот црковен спор, пишува „Религија.мк“

Според наводите, Вселенската патријаршија нема намера да отстапи од процесот на решавање на црковното прашање во Македонија, туку напротив и покрај сите притисоци и закани од Руската црква и нејзините поддржувачи во Грција и во Србија е подготвена да го реши деценискиот спор во Македонија.

Во изјава за „Етникос Кирикас“, Вселенската патријаршија, која побарала став за писмата што Премиерот Зоран Заев и Претседателот Стево Пендаровски ги испратија, открива и детали, дека не само што не е сопрен процесот, туку дека досега се направени неколку чекори, кои водат кон крајната цел дека Вселенската Патријаршија се движи кон конечно решение на проблемот со МПЦ.

-Во одговорот до агенцијата јасно се чита дека Вселенската Патријаршија ќе го примени истиот модел како што тоа беше во Украина, а тоа прво да го отстрани расколот од МПЦ и ја тргне шизмата  за да можат нашите владици да сослужуваат со владиците на Вселенската патријаршија, а потоа се оди на процес на потпишување Томос за автокефална црква. Тоа практичко значи дека при воспоставувањето на црковното единство од страна на Вселенската Патријаршија, архиереите на МПЦ-ОА ќе бидат примени во литургиско општење. Односно Вселеснаката Патријашија дефакто ќе ја признае овдешната црква таква каква што е. Иако конечниот статус на помесната Црква нема да биде веднаш дефиниран, тоа нема да има никакво влијание врз Светиот архиерејски синод, кој ќе ја задржи својата самостојност и право на одлучување и раководење, така што досега воспоставениот статус и правното, внатрешно функционирање на МПЦ-ОА ќе остане непроменето. Истиот метод беше применет и во Украина, каде што ваквиот период траеше неколку месеци, пред да биде доделена автокефалијата. Факт е дека веќе со векови постои овој проблем, за чие решение Вселенската Патријаршија како Мајка Црква на сите Балкански цркви – но и на други – до денес има направено многу обиди, грижејќи се за единството на Православието. Во овој момент прашањето влезе во нова фаза. Превосходните Претседател и Премиер на Северна Македонија, како продолжение на сличното барање од страна на нивната Јерархија, бараат Вселенската Патријаршија да им помогне да влезат во општење со останатиот Православен свет, при што нивната Црква ќе се нарекува ‘Охридска Архиепископија’, пишува Вселенската Патријаршија во одговорот до агенцијата, а пренесува Религија мк.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?