02 Мај, 2024
0.0260

Експерти од водечките арбитражни центри-Лондон, Париз, Цирих, Виена и регионот на конференција во Скопје

Објавено во: Мои пари 25 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Со цел да го приближи арбитражното решавање на спорови во Република Македонија до светските трендови, Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија на 28 и 29 март 2019 година организира дводневна Mеѓународна арбитражна конференција, со поддршка на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) и Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија. Централна тема на конференцијата ќе биде прашањето за унапредувањето на арбитражното законодавство во Македонија, информираа, д-р Горан Рафајловски, претседател на Постојаниот избран суд - арбитража при Стопанската комора на Македонија и д-р Татјана Штерјова, секретар на Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија на прес-конференцијата во Комората (25.3.2019 година).

Во моментот, домашното законодавство уредува различна правна рамка за споровите со меѓународен елемент и за споровите без меѓународен елемент. Важечката правна рамка за споровите со меѓународен елемент е воспоставена во Законот за меѓународна трговска арбитража на Република  Македонија од 2006 година, додека арбитражните постапки без меѓународен елемент во моментот се уредени со Законот за парничната постапка (Глава триесет - Постапка пред избрани судови).

Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија е единствената функционална арбитражна институција во државата, со повеќедецениска традиција во решавањето на стопанските сторови, а веќе 25 години има и надлежност да решава спорови со меѓународен елемент.

Целта на конференцијата ќе биде да се отвори широка дискусија за домашното арбитражно законодавство преку презентирање на најдобрите регионални и европски практики, но и да се доближат светските трендови за решавањето на споровите до македонските компании. Интернационализацијата на македонските компании води кон прифаќање на меѓународните стандарди во работењето и усогласување на домашната со меѓународната регулатива, но и делење на слични правни вредности и следење на развојот на новите трендови во решавањето на споровите, кои сé повеќе се применуваат од страна на водечките компании во светот.

- Со изборот на говорници за конференцијата направивме обид најдобрите регионални и европски искуства за решавањето на споровите да ги доближиме до македонската деловна заедница. Учество на конференцијата ќе земат врвни арбитражни практичари од водечките светски адвокатски друштва, арбитри со децениско искуство и универзитетски професори со широки познавања од областа на арбитражата. При тоа, на програмата на конференцијата ќе има говорници - арбитражни практичари од водечките арбитражни центри - Лондон, Париз, Цирих и Виена, како и истакнати експерти од регионот и пошироко - Љубљана, Загреб, Белград, Софија, Варшава и Павиа, - истакна д-р Рафајловски.

При тоа, д-р Рафајловски посочи дека темите на конференцијата ќе претставуваат осврт на најактуелните прашања од областа на арбитражата, вклучувајќи ги прашањата за позитивните примери од други законодавства за модернизирање на арбитражното законодавство, регионалните аспекти на арбитражата, примената на дигитализацијата во подготвувањето на арбитражните предмети и спроведувањето на арбитражните постапки. Во рамките на конференцијата осврт ќе биде даден и на арбитражата како поефикасен метод за решавање на градежните спорови и специфичностите на клаузулите за решавање на споровите во ФИДИК моделите на договори, како и иднината на инвестициската арбитража.

Секретарот на Постојаниот избран суд - Арбитража, д-р Татјана Штерјова, посочи дека светските трендови покажуваат дека арбитражата се` уште има неприкосновено место кај бизнис-заедницата како најпрефериран  метод за решавање на деловните спорови. Тоа го потврдуваат и податоците од арбитражното истражување спроведено минатата година, од страна на Универзитетот „Queen Mary“ од Лондон и Адвокатското друштво „White&Case“, спроведено помеѓу претставниците на правните служби на компаниите, арбитри и адвокати. Кога станува збор за спорови со меѓународен елемент, податоците несомнено покажуваат дека арбитражата е префериран метод за решавање на споровите - за речиси 97% од субјектите.

Статистичките податоци од работењето на Арбитражата покажуваат дека во Македонија речиси подеднакво се поведуваат арбитражни постапки со и без меѓународен елемент. Во изминатите две години, 54% од постапките поведени пред Постојаниот избран суд - Арбитража биле спорови со меѓународен елемент, додека пак 46% биле внатрешни спорови. При тоа, просечното времетраење на постапките кои се водат пред Постојаниот избран суд - Арбитража постојано се намалува - и во 2018 година просечното времетраење на арбитражните постапки беше 186 дена, односно приближно шест месеци.

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор