28 Април, 2024
0.0264

Енвер Малиќи прогласен за почесен конзул на Мексико

Објавено во: Мои пари 17 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Почесниот конзулат на Обединетите мексикански држави (Мексико) беше отворен со свечено интонирање на државните химни и врачување на мексиканското национално знаме. Почесниот конзулат ќе го предводи Енвер Малиќи, кој официјално ја презема титулата „почесен конзул“ на Соединетите мексикански држави во Република Северна Македонија.

Почесниот конзулат ќе работи на унапредување на соработката меѓу двете земји и ќе иницира заеднички активности во повеќе области. Свеченото отворање на почесниот конзулат го предводеше амбасадорот на Соединетите мексикански држави, Неговата Екселенција Марко Антонио Гарсија Бланко.

„Отворањето на почесниот конзулат е чекор напред во билатералните односи меѓу Мексико и Северна Македонија кои на 4-ти октомври ќе ја одбележат 18-годишнината од воспоставувањето. Односите меѓу двете држави и досега беа пријателски, но отсега соработката и заедничките активности ќе се продлабочат во интерес на двата народи. Со поддршка на Енвер Малиќи како почесен конзул, убеден сум дека ќе се развијат нови области на соработка и разбирање за да се прошират и зајакнат билатералните односи со плодни резултати за обете страни,“ истакна амбасадорот Гарсија Бланко.


„Иако географски далечни, нашите земји споделуваат многу заеднички нешта. Почитта кон традицијата, силниот темперамент и борбата за човекови права и достоинство нè обединуваат. Мексиканското и македонското искуство е одлична основа за соработка и поголема размена на идеи што ќе ги зајакнат односите меѓу двата народа. Интензивирањето на соработката во различни сфери ќе биде еден од моите приоритети како почесен конзул, овде во Северна Македонија, но и во Соединетите мексикански држави. Современите трендови во различни области на општественото живеење и бизнисот во двете држави можат заеднички да придонесат за подобри позиции во меѓународните односи и да промовираат развој и напредок,“ истакна Енвер Малиќи, почесен конзул на Соединетите мексикански држави.

Отворањето на почесниот конзулат на Обединетите мексикански држави беше надополнето со присуството на Претседателот на Владата Зоран Заев, Претседателот на Собранието Талат Џафери, Министерот за надворешни работи Никола Димитров, претставници на дипломатскиот кор, претставници на деловната заедница и институции.


Почесниот конзулат се наоѓа во комплексот „Парк резиденс“ во Скопје и ќе биде отворен секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг