Ердоган: Еврочленството е стратешка цел за Турција
Објавено во: Балкан 09 Мај, 2016
Членството во ЕУ е „стратешка цел“ за Анкара, вели турскиот претседател Реџеп Ердоган.
Оваа негова констатација се содржи во специјална порака по повод Денот на Европа.
Ердоган изрази исто надеж дека безвизниот режим за неговите сограѓани за земјите од ЕУ ќе го забрза присоединувањето на Турција кон ЕУ.
„Се надевам дека воведувањето на безвизниот режим ќе влијае позитивно врз исполнувањето на дадените ветувања и ќе го забрза процесот на пристапување“, вели претседателот на Турција.