02 Мај, 2024
0.0272

ЕРДОГАН ПРЕСЕЧЕ: Турција ќе им даде државјанство на образованите сириски бегалци

Објавено во: Балкан 15 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смета дека повеќе не може да се одолговлекува постапката за давање на државјанство на сириските бегалци, сместени во камповите, но тоа ќе влијае на квалификувани и образовани луѓе.

Ова го изјави тој пред турски новинари во Пекинг, пред да замине за Вашингтон, каде што кризата во Сирија ќе биде една од клучните теми на разговорите со Доналд Трамп. 

„Војната во Сирија се одолговлече премногу долго, над 3 милиони луѓе побараа засолниште во Турција и државата ја презема нивната издршка за здравството, образованието и сè што е потребно. Истото се случи еднаш за Палестинците во Јордан, Либан е во слична ситуација. Потрошивме 25 милијарди долари, но до кога можеме да се справиме со тоа? Нема смисла од одолговлекување, државјанството за бегалците веќе е на дневен ред.

“Меѓу нив има квалификувани луѓе, лекари, архитекти, нелегално да работат? Опозицијата се противи на оваа намера, бидејќи Турците биле гладни. Ние треба да им дадеме шанса на образованите Сиријци да работат легално, но за тоа е потребно прво да добијат државјанство“, коментира Ердоган. 

Тој истакнал дека посветеноста кон бегалците е хуман, исламски долг и прашање на совест за турската држава. Во САД шефот на Турција планира да постигне договор со Трамп за екстрадиција на исламскиот проповедник во Пенсилванија Фетхуллах Гулен, обвинет за минатогодишниот обид за државен удар, како и Америка да прекине со испораки на оружје за сириските и курдски милиции. 

На денешната средба на двајцата претседатели во Белата куќа се очекува и договор за учеството на Турција во разузнавачки операции. 

Ердоган ќе остане само една ноќ во Вашингтон. Планирана е средба со извршните директори на американската стопанска комора, но поради безбедносни причини евентуалните разговори со еврејската заедница се чуваат во тајност.

Неизвесно е и дали Ердоган и Трамп ќе дадат заедничка прес-конференција.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“