Ердоган со нова чистка - Уапсени илјада „Ѓуленисти“
Објавено во: Свет 26 Април, 2017
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се чини дека започна нова чистка откако полицијата денеска приведе околу 1000 граѓани за кои постои сомневање дека се поврзани со пребеганиот проповедник Фетула Ѓулен, главен осомничен за извршениот неуспешен воен пуч во јули.
Околу 8,500 полицајци биле ангажирани во рациите на територијата на целата земја. Најавувајќи дека бројката на уапсени може да расте, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека рациите продолжуваат.Полициската акција доаѓа на само една недела од успешно спроведениот референдум во Турција со кој Ердоган успеа да издејствува промена на политичкиот систем во претседателски со зголемен број на ингеренции и повеќе последователни мандати.