Ердоган: Турција ќе ги заштити своите граници од теророт!
Објавено во: Балкан 02 Јуни, 2017
Турција нема да oстане без зборови на заканите од создадената „терористичка држава" во северна Сирија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува во. „Сабах", цитиран од агенциите.
Ердоган, кој зборуваше доцна синоќа пред претставници на локалните власти, изјави дека Турција ќе направи нејзините граници да бидат заштитени од теророт.
„Оние кои очекуваат да видат дека стоиме без зборови и покрај заканите кои произлегуваат од терористичката држава, создадена пред нашите очи, ќе зажалат" - рече Ердоган.
Сличен приод ќе значи дека тие не го разбираат духот и позицијата на Турција, истакна Ердоган.