Ердоган жали за границите на Отоманската империја
Објавено во: Балкан 20 Октомври, 2016
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно ја отвори темата за границите на Турција, кои очигледно тој ги гледа како оние на Отоманската империја.
Тој уште еднаш проговори за Лозанскиот мировен договор и неговото влијание врз турската држава, велејќи дека од потпишувањето на договорот наваму државата му е во постојан "маѓепсан круг".
„Границите на Турција се намалија драстично по неговото склучување. Нашите територии кои беа 2,5 милиони квадратни километри во 1914 година се намалија до 780 000 квадратни километри со потпишувањето на Лозанскиот договор. Кога ја почнавме војната за независност, нашата цел беше да ги заштитиме своите граници во рамките на Националниот завет. За жал не можевме да ги заштитиме“ - вели Ердоган.
Во 2016 година не можеме да дејствуваме со начинот на размислување од 1923 година, додаде тој.