10 Мај, 2024
0.0250

Ескобар и Ел Чапо - Нарко босовите кои изградија империи

Објавено во: Свет 09 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Различни анализи на ДЕА и агенциите за борба со наркотици прават споредби меѓу нарко босовите Пабло Ескобар од Колумбија и Хоакин Ел Чапо Гузман од Мексико бидејќи и двајцата изградија огромни империи кои потоа беа срушени на различни начини, но може да дадат добри показатели за идни активности против големите организации од Латинска Америка кои и натаму доминираат на пазарот со дрога.

Пабло Ескобар потекнува од скромно десничарско семејство од Колумбија кое од својата фарма било протерано од комунистите. Ескобар почнал како ситен криминалец за да преживее и развил неверојатни шверцерски способности. Штом се фатил со кокаинот, колумбискиот највреден и најизвезуван производ на сите времиња, набрзо прераснал во еден од најбогатите луѓе на планетата. Го формирал картелот Медељин во кој учествувале повеќе криминални банди. Сепак, политичките амбиции еден ден да стане претседател на Колумбија го изложиле директно на мета на безбедносните сили. Штом го натерале да се поднесе оставка како сенатор ја започнал крвавата војна против власта со бројни нарко-терористички напади во кои илјадници луѓе загинаа. Во 1993-та е  убиен во родниот Медељин по речиси двегодишен прогон.

Ел Чапо можеби е поскромен кога се во прашање јавните настапи и политички амбиции, но неговиот Синалоа картел од планината Сиера Мадре во Мексико прерасна во многу помоќна организација од таа на Ескобар. Токму притаеноста и воздржувањето од екцеси му овозможи на Ел Чапо со децении да го развива својот „бизнис“ со тоа што успеа да освои пазари со шверц на дрога дури и во Африка и Азија. Синалоа картелот доминираше своевремено со продажбата на марихуана преку границата во САД, како и метамфетаминот една од најопасните и најзаразни дроги во Америка. Ел Чапо повеќе беше познат како мајстор на бегствата од затвор отколку од политичар кој сака со крвавите пари да го купи сиромашниот народ. Сепак, неговата огромна моќ не им одговарала на играчи на високи позиции, па затоа Ел Чапо мораше да биде срушен од врвот на картелот. Сега лежи во американски затвор, а во Синалоа се води крвава војна која се прелеа во повеќе мексикански градови. Во градот Хуарез до јуни се извршени 1000 убиства меѓу припадниците на картелите и безбедносните сили. 

Сега местото на Ескобар и Ел Чапо е испразнето и ДЕА како и организациите кои ги следат нарко пазарите се прашуваат кој ќе биде следниот голем бос кој ќе ги предизвика сите воспоставени односи меѓу криминалците, сиромашниот народ и државата која не е тајна дека има свои интереси во нарко трговијата.

Можеби ќе ве интересира

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДРАМАТИЧНА ИНФЛАЦИЈА ВО АРГЕНТИНА: Луѓето носат торби полни со готовина за да ги извршуваат вообичаените трансакции

ДРАМАТИЧНА ИНФЛАЦИЈА ВО АРГЕНТИНА: Луѓето носат торби полни со готовина за да ги извршуваат вообичаените трансакции

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!

ДАЛИ Е ДОЗВОЛНО ДА РАБОТИТЕ ДВЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: еве какви се правилата

ДАЛИ Е ДОЗВОЛНО ДА РАБОТИТЕ ДВЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: еве какви се правилата

САМО ОД КАРТИ ЗАРАБОТИЛЕ РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА! Ги надмина сите очекувања! Сегашната цена на билетот ќе важи до јули

САМО ОД КАРТИ ЗАРАБОТИЛЕ РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА! Ги надмина сите очекувања! Сегашната цена на билетот ќе важи до јули

ПОРАДИ ПАД НА ПОБАРУВАЧКАТА, НО И БРОЈНИ ТУЖБИ - АстраЗенека ја повлекува вакцината против Ковид-19

ПОРАДИ ПАД НА ПОБАРУВАЧКАТА, НО И БРОЈНИ ТУЖБИ - АстраЗенека ја повлекува вакцината против Ковид-19