11 Мај, 2024
0.0241

ЕУ ПОСЛЕ БРЕГЗИТ: Продолжуваме понатаму-Унијата ќе се шири!

Објавено во: Свет 24 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан истакнал во Виена дека исходот од референдумот во Велика Британија не смее и нема да го запре просецот на ширење на Европската унија.

„ЕУ е и понатаму приврзана за ширење на Унијата и во тоа нема сомнение. Ќе ја продолжиме работата која ја почнавме, а која не е близу до крајот“, порачал Хан на конференцијата за „Јавната управа како основа за европската интеграција“.

Хан рекол дека во последните години многу е постигнато на Балканот и дека не смее сега да се биде изморен или разочаран после вчерашниот референдум.

Можеби многумина денес, ако се зборува за проширување на ЕУ, може да имаат критичен коментар поради псоледните настани, но стратегијата на ЕУ мора да содржи консолидација на Европа.

„Свесни сме и бевме и претходно дека процесот на ширење е нешто што бара време и затоа со задоволство говорам за процесот отколку за преговорите“, нагласил Хан.

Европскиот комесар признал дека одлуката на граѓаните на Велика Британија претставува некој вид „рез“ за ЕУ, но тоа не значи дека Унијата ќе ја промени својата политика.

Тој рекол дека сега мора да се разгледа исходот од референдумот, кој мора да биде почитуван.

Според неговите зборови, имало очекувања дека исходот ќе биде поинаков, но ЕУ е спремна и на овој резултат.

„Очекувам и барам, ако веќе постои сега одлука за отстапување, преговорите за тоа мора да бидат брзо водени. Потребно е тоа да го направиме поради нашите граѓани за да не ги држиме предолго во неизвесност“, нагласил Хан додавајќи дека е важно на граѓаните да им се пренесе дека ЕУ е стабилна и праќа порака надвор дека Унијата и понатаму е одговорен и доверлив партнер на кој треба да сметаат.

Истакнал дека е неопходна консолидација на ЕУ и да се извлечат поуките,  дека не може едноставно да се прејде на дневен ред.

Хан смета дека ЕУ може многу повеќе да понуди и дека и понатаму е атрактивна, на што често забораваат граѓаните на Унијата.

Тој потсетил дека ЕУ е најголем глобален пазар, кој остварува 20 одсто од глобалните приходи.

Миграцијата ќе биде најголем предизвик во првата половина на овој век, рекол укажувајќи на Африка каде населението рапидно расте, па е неопходно и на тоа да се посвети.

Подвлекол дека еден некогашен белгиски министер рекол дека сите европски земји се мали, но и тоа дека некои од нив уште не се спознаени, што важи, како што нагласил и за денешната ситуација.

Кога се работи за претстојниот париски Самит за западен Балкан, продолжение на Берлинскиот процес, Хан подвлече дека оваа година мора да биде година на правни напредувања, како граѓаните би виделе дека постои нешто конкретно, а не само да се заклучи конференцијата.

„Тоа мора да биде наш приоритет, ако не и опсесија“, порачал комесарот додавајќи дека инвестициите без реформи немаат смисла, поради што е важно реформите да продолжат.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена