02 Мај, 2024
0.0242

Еве кое хоби ќе ве направи попаметни

Објавено во: Стил 27 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Новите студии на многу научници од светот покажуваат дека умствениот потенцијал на човекот може да се зголеми со учење на нови работи. Па така, тие предлагаат неколку хоби, со кои се разигрува мозокот и се зголемува интелегенцијата, пишува Enterpreneur.

1. Свирете музички инструмент

2161_041213154917968_550x378 Свирењето музички инструмент ја зголемува вашата креативност, моторните вештини, аналитичките состојби и јазикот. Свирењето на инструмент го зајакнува делот од мозокот што ги поврзува двете хемосфери. Тоа ја зголемува вашата меморија и ги засилува мозочните функции.

2. Книги, весници, стрипови, списанија

2-12-nauchno-dokazhani-fakti-deka-chitanjeto-go-podobruva-zhivotot-www.kafepauza.mk_

Читајте, читајте, читајте. Без разлика што и да читате, дали е роман или весник или пак стрип, читањето ја зголемува интелегенцијата. Освен тоа, со него се намалува и стресот и ве прави да се чувствувате убаво. Најголемата придобивка од читањето е што преку него учите нови работи.

3. Научете нов јазик

20150417-besplatni-onlajn-alatki-za-uchenje-kineski-jazik-m

Учењето на нов јазик е најпродуктивното хоби кое може да го изберете. Прво, со тоа ја зголемувате интелегенцијата и вашата меморија. Потоа следи делот на забава во самиот процес на учење, за на крајот да знаете еден јазик повеќе.

4. Редовно вежбање

90045.max1024

Редовното вежбање има многу голема важност за вашата физичка и психичка состојба. Освен тоа што подобро ќе изгледате, подобро и ќе се чувствувате. Со вежбањето се ослободувате од негативната енергија и се чуствувате расположени. Покрај тоа, кога редовно вежбате крвните клетки се полнат со протеин кој ги подобрува меморијата, учењето, фокусот и концентрацијата.