02 Мај, 2024
0.0269

Еве кои улици ќе бидат затворени за Водици - граѓаните да ги почитуваат наредбите на полицајците

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

На 19 јануари годинава, поради манифестациите за верскиот празник Водици, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром и населбата Хром.

Во периодот од 10,00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Филип ВториМакедонски“ до булеварот „Гоце Делчев“ и Кеј “13-ти Ноември“ до булеварот “Кочо Рацин“.

Во општината Ѓорче Петров од 10,00 часот црковната литија ќе се движи почнувајќи од црквата „Свети Петар и Павле“, десно по булеварот „Партизански одреди“, десно по улицата „Ѓорче Петров“, лево по улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата „Демир Трајко“ и лево по улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром од 10,00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање