03 Мај, 2024
0.0286

Еве што може да ви се случи ако јадете брза храна пет пати по ред

Објавено во: Стил 18 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Ако се храните здраво, веројатно барем еднаш помисливте како може да јадете „брза храна“ пет дена по ред, а телото сепак не „трпи“ премногу?

Се излажавте.

Според најновата студија од „Virginia Tech“, само пет дена конзумирање мрсна храна може да го промени начинот на кој телото ги обработува хранливите состојки.

Истражувачите во студијата вклучиле 12 млади мажи кои во текот на истражувањето се хранеле со мрсни колбаси, хамбургери, кекси, сирење ... Иако за тоа време не се здебелиле, способноста на мускулите да ја обработат глукозата била прекината.

Поголемиот дел од енергијата потребна на телото се користи за одржување на телесната температура, за што примарни извори на енергијата се јаглехидрати (глукоза) и маст. Мускулите ја „разбиваат“ глукозата и ја претвараат во енергија.

Промената во тие процеси на разградба на глукозата го зголемува ризикот од настанувањето на здравствени проблеми и заболувања од дијабетес, пишува Yahoo.