29 Април, 2024
0.0287

ЕВН Македонија, активен поддржувач на електротехничките насоки во образованието

Објавено во: Мои пари 29 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија шести пат по ред, контуинирано го поддржува настанот „Денови на електротехниката“ што се оддржува во просториите на СЕТУ „Михајло Пупин“. На овој натпревар имаат право на учество ученици од основните училишта на регионот на Скопје, обожаватели на наставниот предмет Физика и електротехничките науки. Целта е да им се овозможи на новите генерации да ги докажат нивните вештини и да се мотивираат дека нивното знаење има каде да се развива и применува во пракса.

ЕВН додели и подароци за сите учесници на натпреварот. На настанот се обрати г-дин Игор Гиевски, Член на Управен одбор на ЕВН Македонија.

„ЕВН Македонија со поддржување на овој посебен настан не само што ги мотивира младите, туку исто така им го покажува патот кон отворените можности за работа. Сакаме да ја зголемиме свеста кај младите и преку нив и кај сите граѓани дека на Македонија  и се потребни кадри од електротехничката струка. Сигурни сме дека во земјава има голем капацитет на млади кои одлично би се пронаоѓале во електротехничката струка. Секој заслужува да го работи тоа што го сака, а ние сме тука да им го овозможиме тоа на љубителите на електротехничките науки,“ изјави Гиевски.

ЕВН Македонија веќе неколку месеци го промовира проектот „20-20-20“. Во овој проект на дуално стручно образование и обука, предвидено е да се формира специјална паралелка во СЕТУ „Михајло Пупин“ во Скопје. Учениците на оваа паралелка преку наставните планови и програми и практичната работа, ќе можат директно да се вклучат во работниот процес уште за време на нивното средно образование, а за тие што ќе го завршат средното образование согласно претходно утврдените критериуми за успех ќе се овозможи вработување во ЕВН.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг