02 Мај, 2024
0.0374

ЕВН пионер во промоција на дигиталното учење во дуалното образование

Објавено во: Мои пари 25 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

ЕВН ја промовираше платформата за дигитално учење која ќе ја користат учениците од ЕВН паралелките во Скопје и Гостивар. За прв пат во дуалното образование се воведува ваквиот начин на учење кој ќе го подигне нивото на образование. Платформата беше презентирана пред членовите на Европската алијанса за практикантство, министерот за Образование и наука Арбер Адеми и други учесници на 4-от Регионален семинар за едукација за земјите кандидати.

„Јас се заблагодарувам на компанијата ЕВН и на училиштето “Михајло Пупин“ за сето тоа што досега го направија за учениците, што континуирано се заложуваат за создавање на што подобри и поквалитетни генерации, преку постојан влог во наставата, во мотивацијата на учениците преку стипендирање и обезбедување на можности за вработување, како и преку вложување во инфраструктурните услови”, рече министерот за Образование и наука, г. Арбер Адеми.

Денес како плод на оваа соработка станува достапна уште една новина,  нова е-платформа за управување со учење (Канвас) која е широко прифатена во светот и која ја унапредува дигиталната средина за учење, додаде министерот Адеми.

Системот за управување со учењето (Canvas) е предвиден да им помогне на наставниците да воведат иновации во подучувањето, а учениците да постигнат подобри резултати. Со него се овозможува поефикасно и поефективно образование кое истовремено е и привлечно за учениците од секој можен аспект.

„Бевме првите кои храбро влеговме во промоцијата на дуалното образование и сега сме први во воведувањето на модерните технологии за едукација на нашите ученици“, изјави на промоцијата Претседателот на Управниот одбор на ЕВН, г. Штефан Петер. „Нашата цел е Европските стандарди за едукација да бидат дел од македонското образование. Среќни сме што ќе можеме на младите да им ги овозможиме најдобрите услови за едукација, развој и вработување. Се надевам и другите ќе го следат примерот со што дигиталниот свет ќе стане нераскинлив дел од образовниот процес“ рече г. Петер.

Платформата за управување со учењето е создаден со цел зголемување на можностите на наставниците и поголема вклученост на учениците, со што им овозможува основа за понатамошно самостојно развивање, пристап кој го применуваат институциите ширум светот. Дигиталното учење е дел од Проектот „20-20-20“ преку која ЕВН во електротехничките училишта во Скопје и Гостивар формираше кабинети и тренинг центри за едукација на електро-монтери и електро-техничари кои по завршувањето на нивното образование и практикантската работа во ЕВН ќе добијат понуди за работа во компанијата.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година