02 Мај, 2024
0.0256

“Езеро од јаболка“ продолжува да освојува престижни награди на филмските фестивали

Објавено во: Мои пари 26 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Документарниот филм „Езеро од Јаболка“ поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Швајцарската агенција за развој и соработка ја доби главната награда за документарен филм за животна средина на фестивалот Nature Namur во Белгија во конкуренција на десетици филмови од целиот свет. Овој фестивал е еден од најпрестижните светски фестивали за документарни филмови кои обработуваат теми од екологијата, заштитата на животната средина и одржлив развој.

„Езеро од јаболка“ досега е прикажан на десетина филмски фестивали на кои има освоено неколку награди, како што е најдобар филм во категорија заштита на животната средина и промоција на туризмот во Србија, наградата „Персеј“ на филмскиот фестивал Т-Филм во Острава, Чешка.  Деновиве, на филмскиот фестивал во Инсбрук, Австрија, ја доби почесната награда во категоријата на документарни филмови од областа на екологијата.

Филмот „Езеро од јаболка“ на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, во 30 минути, мошне вешто и на визуелно возбудлив начин ги доловува резултатите од долгогодишните напори за намалување на загадувањето на Преспанското Езеро.

Преку приказната раскажана од повеќе карактери, се доловени и начините на кои виталните функции на Преспанското Езеро се обновуваат, преку промената на начинот на кој земјоделците ги одгледуваат своите култури. Последните истражувања покажуваат дека најголемиот дел на земјоделците во Преспа имаат усвоено модерни производни практики и со тоа значително е намалена употребата на пестициди, вештачки ѓубрива и вода за наводнување. Ова намалување на внесот на загадувачки материи во езерото, овозможи да се спречи деценискиот тренд на нарушување на неговата еколошка состојба и да отпочне процесот на негово обновување, што се потврдува со редовните контроли на квалитетот на водите.

Во изминатите 15 години, УНДП, Швајцарската агенција за соработка и развој и Општина Ресен во вложија 15 милиони долари за спас на Преспанското езеро. 

Светската промоција на документарниот филм „Езеро од јаболка“ се одржа во Скопје на 24 март 2017 година.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година