02 Мај, 2024
0.0297

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мијалков доби 12, Јакулоска 4 години затвор, се одржаа и насилни протести за „Монструм“

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

ПРЕСУДИ ЗА „ТАРГЕТ - ТВРДИНА“

Сашо Мијалков е осуден првостепено на вкупна казна затвор од 12 години за случајот „Таргет тврдина“ за нелегално прислушкување.  На поранешниот шеф на тајната полиција му се засметува и времето поминато во притвор.

За останатите обвинети, Горан Грујевски доби казна затвор од 15 години, за Тони Јакимовски 6 години, на Гордана Јанкуловска и беше одредена затворска казна од 4  години, Никола Бошковски 15 години. Надица Николиќ доби три години, Владимир Варелов со две години условна казна. Силвана Златкова е осудена две години условно. Васил Исаковски е осуден условно исто така на две години. Валентина Симоновска е исто условно казнета со две години казна затвор.

87 милиони денари ќе треба Бошковски, Јакимовски, Грујевски и Јанкулоска да и платата на Агенцијата за национална безбедност како имотно-правното побарување како штетата од уништувањето на опремата.  Судењето по предметот започна на 22 декември 2017 година. Сите прислушкувани ќе имаат право да тужат на граѓанска парница.

СЕ ОДРЖАА НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ЗА „МОНСТРУМ“

Повредени се седум полицајци за време на денешниот протест по пресудите за случајот „Монструм“. Демонстрантите, кои тргнаа од парк Чаир преку Кривичниот суд до Влада, се судија со полицијата кај Бит пазар, фрлаа камења, при што седум полициски службеници се повредени, објави МИА. Нападната беше екипа на МИА. 

Пресудата е изречена на 23 февруари, при што доживотни казни затвор добија обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, 15 години затвор доби обвинетиот Фејзи Азири и девет години затвор доби обвинетиот Хаки Азири. Ослободен од обвинението е Сами Лута. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се избегани во Косово.

И ДЕНЕС НАД 500 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.477 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 258, Кавадарци – 51, Прилеп – 41, Куманово –25, Неготино – 22, Охрид – 18, Тетово – 16, Струга – 13, Гевгелија – 12, Битола – 11, Велес, Струмица и Крива Паланка – по 10, Штип - 8, Кичево -7, Гостивар и Валандово – по 6, Крушево и Богданци – по 5, Пробиштип и Демир Хисар – по 4, Кочани – 3, Делчево – 2, Свети Николе, Дебар, Берово, Виница, Кратово, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 210 оздравени пациенти од:

Скопје – 90, Прилеп –25, Кавадарци – 19, Неготино и Тетово – по 8, Куманово и Штип – по 7, Гостивар и Делчево – по 6, Гевгелија – 5, Битола и Велес – по 4,  Струмица, Крушево и Берово – по 3, Кочани, Свети Николе, Виница и Ресен – по 2, Охрид, Кратово, Пехчево и Дојран – по 1. 

Пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (77г,70г) и по еден пациент од Прилеп (72г), Кавадарци (73г), Охрид (71г), Ресен (68г)  Валандово (66г) и Дојран (64г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ МАЛКУ ЌЕ ДОЦНАТ

Пристигнувањето на кинеските вакцини во земјава можеби ќе се пролонгира. 

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека здравствениот систем добро се справува со пандемијата. Вели дека има зголемување на бројот на заболени и не можат да бидат сигурни дали тоа е моментално или високите бројки ќе продолжат. 

„Околу 70 отсто од новодијагностицираните се од британскиот вид на коронавирусот. Викендот ќе се анализираат ситуациите и ќе видиме дали ќе се препорачаат рестриктивни мерки. Што се однесува до пристигнувањето на кинеските вакцини, нивното доаѓање во Македонија може да се пролонгира за неколку денови“, вели Филипче.

Вели дека наскоро ќе има анализа за регионите во кои засилено се шири британскиот вид на коронавирусот, по што ќе се знае дали ќе има дополнителни рестрикции.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во редакцијата на Фактор стигнаа поплаки од граѓани кои истакнуваат дека знаат многу свои колеги, пријатели, па и роднини кои во моментов се активни случаи, односно се позитивни на корона вирусот, имаат решенија за изолација, но едноставно не седат дома, како што е утврдено според сите протоколи, туку напротив, слободно си ги вршат сите обврски.

По три години компанијата „Феро инвест“ каде мнозински сопственик е поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев доби  јавен општински тендер. Потпиша договор и за 23,7 милиони денари треба да изгради мала хидроелектрична централа за ЈП Комуналец - Кавадарци. Договорот e објавен на 23 февруари на сисетомот на јавни набавки.

Вработените во Министерството за одбрана и во Армијата, становите во кои живеат, а и припаѓале на поранешната Југословенска Народна Армија, конечно ќе можат да си ги откупат, по цени кои ќе ги одреди АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

Две одлуки кои станаа јавни денеска направија вистинска бура на домашниот банкарски пазар, но и на пазарот на капитал. Народната банка соопшти дека донела Одлука за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките. 

Има можност Македонската банкарска асцијација да поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на одлуката со која Народната банка времено им забрани на банките да делат дивиденда од остварената ланска добивка за која Централната банка извести утрово.

ЦКБ е банката што лани, во услови на корона – бизнис неприлики, ограничувања и неизвесности во економските текови, успеа да ја зголеми добивката за речиси двојно. Тајната е во значајно намалените трошоци за резервации паралелно со нула загуба за оштетувања на нефинансиски средства, а тоа во комбинација со солидно појачани приходи од провизии и надоместоци и нето приходи од камати одржани на ниво од претходната година

Професор Ѓорѓи Јота, специјалист по дигестивна хирургија е хоспитализиран на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување и во моментов е во сериозна состојба, велат болнички извори за Фактор.

Можеби ќе ве интересира

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја