02 Мај, 2024
0.0285

ФАКТОР НА ДЕНОТ: МНР не било информирано за закани кон Османи, а семејството на Самоил упати порака до киднаперите

Објавено во: Македонија 15 Март, 2023

Добивај вести на Viber

МНР НЕМАЛО ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЗАКАНИ ИЛИ НАПАД КОН ОСМАНИ

По појавените информации во јавноста за можен напад врз делегацијата на ОБСЕ при посетата на Молдавија, со регионот Транснистрија која ја предводеше Претседавачот со Организацијата, министерот Бујар Османи, се огласија од Министерството за надворешни работи(МНР). 

„Во рамките на ОБСЕ, посетите на делегациите на Организацијата и посетите од страна на Претседавачот предвидуваат посебни безбедносни протоколи кои се во надлежност на земјата домаќин. Реализираните посети на Украина, Молдавија, како и предвидените теренски посети во другите таканаречени „загрозени подрачја“ се реализираат со јасна назнака дека се тоа посети на делегацијата на ОБСЕ, што во меѓународните односи се сметаат за посети со зголемен ризик и внимателност. Претседавачот имаше целосна доверба во безбедносните служби на Молдавија и во тамошните власти, кои ја гарантираа неговата безбедност и безбедноста на делегацијата. Ние не бевме информирани, ниту постоеја индикации за какви било закани или можен напад врз делегацијата на ОБСЕ, ниту кон претседавачот Османи за време на неговата посета.

Безбедноста на претставниците на ОБСЕ е од висок приоритет и Организацијата ќе ја продолжи блиската соработка со локалните власти за време на која било посета и на која било локација“, велат од МНР. 

ВИОЛЕТА БОШКОСКА СЕ ОБРАТИ ДО КИДНАПЕРИТЕ

Виолета Бошкоска, сопруга на политичарот Љубе Бошкоски, тетка на Самоил Костадиноски по кого се трага веќе подолго време, денеска се обрати директно до киднаперите со следнава порака: Каде и да е Самоил, што и да се случило, ве молиме ослободете го. Пуштете го да си дојде дома, ние дење и ноќе сме будни, го чекаме да се врати – со овие зборови, во име на целото семејство, им се обраќа на киднаперите Виолета Бошкоска, тетка на киднапираниот Самоил Костадиновски, од кого нема никаква трага дванаесет дена.

ПОЛИЦИЈАТА ДЕМАНТИРА ДЕКА ИМАЛО ПОЧИНАТИ СРЕДНОШКОЛЦИ ОД ДРОГА

МВР попладнево најостро ги демантира лажните вести во врска со наводно пронајдени починати средношколци во Градскиот парк во Скопје, поради употреба на дрога, кои се шират по социјалните медиуми.

-Имено, овие лажни вести започнаа оркестрирано да се шират на социјалните медиуми во изминативе неколку дена, при што заедничката шпекулација за сите е дека група средношколци наводно починале од употреба на дрога во скопскиот Градски парк, а низ објавите се разликува само бројката на лица кои биле во групата, која варира од 3 па сѐ до 9, како и периодот на наводно случување на наводниот настан - од викендов, па сѐ до денеска (15.03.2023). МВР категорично ги отфрла овие лаги, бидејќи пријава за таков настан не постои.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Чифлиганец е јавна личност со долгогодишно искуство во бизнисот и политиката. Основач и сопственик е на една од најголемите македонски градежни компании „Адора Инжинеринг“ која е најголем поединечен акционер во „Комерцијална банка“ поради што и Чифлиганец е член на Надзорниот одбор на банката. Според официјалните податоци од годишниот извештај на банката Чифлиганец лани приходувал 24.400 евра

Растот на минималецот нема да го подобри животниот стандард на граѓаните, но барем ќе го сочува оној кој го имале пред ценовното „цунами“, велат домашните економски експерти  и додаваат дека куповната моќ ќе може да се одржи на исто ниво како претходно.

Националната банка на Грција, Групација во чија сопственост е Стопанска банка Скопје, во минатата година остварила основна профитабилност од безмалку 700 милиони евра, што далеку ги надминува предвидувањата кои се движеа на околу 500 милиони евра, а во однос на претходната 2021 година е раст за дури 57 проценти. 

На македонската политичка сцена ќе настапи нов политички субјект во албанскиот блок. Станува збор за партијата „Национално Самоопределување“ (ВВК) по теркот на движењето на Албан Курти кој ја освои власта и премиерската функција во Косово.

Самира Бајрамова, активистка од Грузија за Фактор вели дека Грузијците сакаат иднина без Русија и сега одлучуваат каков живот ќе живеат. Сакаат земјата да биде членкa на Европската Унија (ЕУ), да може Грузија да се развива и да се стави крај на територијалните претензии.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање