03 Мај, 2024
0.0486

ФАКТОР НА ДЕНОТ: На работа со примена вакцина или тест, има реакции за новите анти ковид мерки

Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

ФИЛИПЧЕ НАЈАВИ НОВИ АНТИ КОВИД МЕРКИ

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, веднаш по состанокот со членовите на Комисијата за заразни болести, објави дека донеле одлука за нови рестриктивни мерки кои ќе ги предложат до Владата.

-Донесовме одлука на Владата да и предложиме, сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во владините институции за одење на работа да имаат потврда за примена најмалку една вакцина, или да имаат негативен ПЦР тест кој ќе важи 72 часа и кои ќе го прават на сопствен трошок, како и потврда за прележан ковид не постар од 45 дена. Исто така ќе препорачаме задолжителна вакцинација против ковид за сите здравствени работници, нагласи министерот Филипче.

Овие мерки, како што истакна тој, предлагаат да важат 10 дена откако ќе ги усвои Владата за да имаат време граѓаните да се вакцинираат, а ќе бидат оставени 30 дена за оние 20-30 проценти здравствени работници кои досега не се вакцинираа.

ВЕЌЕ ИМА РЕАКЦИИ

Сојузот на стопански комори, ССК, е против мерка да се воведе задолжителна вакцинација и за компаниите од приватниот сектор. Исто така, тие тврдат дека не се дел од иницијативата да се воведе задолжителна вакцинација и за овие работници, бидејќи, како што нагласуваат, тоа е право на личен избор. Сметаат и дека наместо со репресивни, поголем ефект ќе се постигне со стимулативни мерки, односно да се обезбедат повеќе видови на вакцини и да се дадат релевантни информации за нивната безбедност.

„Гласен Текстилец“ бара да се повлечат новите мерки за вработените во јавниот сектор. 

Здружението најостро се спротиставува на предложените анти ковид-мерки кои се однесуваат за сите вработени во јавниот сектор, односно вработените во локалната самоуправа, во државните институции, при одење на работно место да да прикажат потврда за примена најмалку една доза вакцина или негативен ПЦР-тест направен на сопствен трошок. На социјалните мрежи, „Гласен Текстилец“ наведува дека тие се косат со позитивните прописи и меѓународни стандарди за човекови права.

ДЕНЕС ИМА 476 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

· Направени се 3.145 тестирања, а регистрирани се 476 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 208, Битола – 45, Велес – 29, Прилеп – 22, Куманово – 21, Кавадарци – 18, Охрид, Кочани и Гевгелија – по 13, Штип – 11, Делчево – 8, Берово – 7, Струмица, Неготино и Радовиш – по 6, Тетово, Свети Николе, Крива Паланка , Кратово и Демир Хисар – по 5, Ресен – 4, Гостивар, Кичево, Виница , Валандово и Крушево – по 3, Пробиштип и Пехчево – по 2, Струга и Македонска Каменица – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Секој поединец може да придонесе во борбата против климатските промени и ублажувањето на нивните штетни ефекти.

Темата за заштита на правата на потрошувачите е многу стара, но дали во земјава тие се навистина доволно заштитени? Сигурно често слушате во својата околина како некој апарат се расипал во денот кога го купиле, или на денот кога му истекла гаранцијата. 

Синдикатот на работниците во администрацијата и правосудството, УПОЗ, утре, откако ќе одржи состаноци со своите членки, ќе го објави својот официјален став за најновите рестриктивни мерки кои ги донела Комисијата за заразни болести и кои ќе и бидат предложени на Владата.

За уште две години ќе се пролонгира обврската на компаниите кои ги иполнуваат условите за тоа, задолжително да котираат на Берзата. Со оваа задолжителна котација всушност се вложува во продолжување на транспарентноста на компаниите, што се покажа како клучно за развојот на капитал.

Со цел јавно признание на најпрепознатливите и најактивни учесници и други субјекти кои се директно или индиректно поврзани со пазарот на хартии од вредност, Македонска берза од оваа година воведува доделување на повеќе годишни награди во различни категории. Наградите ќе се доделат во втората половина од декември

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?