fake panerai watches ФАКТОР НА ДЕНОТ: Непостоечка фирма со фалсификати земала тендери, разрешен е Ване Цветанов, а јавниот сектор ќе штеди
02 Мај, 2024
0.0287

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Непостоечка фирма со фалсификати земала тендери, разрешен е Ване Цветанов, а јавниот сектор ќе штеди

Објавено во: Македонија 15 Март, 2022

Добивај вести на Viber

ОТКРИЕН Е СКАНДАЛ

Непостоечка фирма во Скопје, со фалсификувани документи, фалсификувани ИСО сертификати, потписи, конкурирала и во периодот од 2018 до 2022 година има добиено најверојатно околу 90 тендери за монтажа и сервисирање лифтови, главно од јавни институции, кои давале буџетски средства. Ова е предмет што на денешната седница го образложи Владимир Георгиев, член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од каде ќе биде доставена иницијатива за кривично гонење во Основното јавно обвинителство во Скопје, како и предупредување известување до Владата, на седница да ги известат сите надлежни органи во постапките за лифтови доколку се појави таа фирма.

Од ДКСК нагласуваат дека не смеат да го објават името на фирмата, но изразуваат надеж дека за овој случај ЈО ќе постапи експресно. Оваа фирма била поврзана уште со две други фирми од Скопје, кои работат исто така на монтажа, сервисирање и одржување лифтови, од причина што управителот на оваа фирма е вистински сопственик на овие два други трговски субјекта.

РАЗРЕШЕН Е ВАНЕ ЦВЕТАНОВ

Ване Цветанов е разрешен од раководната позиција во Советот за унапредување и надзор на ревизијата, потврдуваат од Владата.

Цветанов е разрешен по информациите за ангажирањето на сопругата во оваа институција.  Тој ја ангажирал сопствената жена, манекенката Дунавка Трифуновска да му помага во работењето.

ЈАВНИОТ СЕКТОР ЌЕ ГИ НАМАЛИ РАСХОДИТЕ

Владата на денешната 28-ма седница усвои антикризни мерки за намалување на трошоците во јавниот сектор. 

Со овие мерки сите буџетски корисници и единки корисници се задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10 отсто и да достават соодветен предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии најдоцна до 21 март.

Мерките за рационализација забрануваат започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата по претходна согласност од Владата.

ИМАМЕ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА

Дизелот поевтинува за 3 денари, а цената на бензинот останува иста. Од полноќ имаме нови цени на горивата. 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) попладнево донесе одлука со која се врши намалување цени на нафтените деривати во просек за 2,50% во однос на вчерашната одлука.

ИМА ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ ВО МЕНУВАЧНИЦИТЕ

Народната банка веќе има засилена контрола врз работењето на менувачниците со цел, како што велат, да се спречи шпекулативно однесување на одредени менувачници. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во изјава за МИА, посочува дека во тек се засилени инспекциски контроли од страна на Народната банка по менувачниците, како и дека согласно регулативата, тие не смеат да ги чуваат девизите и да не вршат менувачко работење. Ваквото однесување може да се санкционира, вклучително и со одземање на дозволата за работа, порачува гувернерката.

УКРАИНА ЌЕ СЕ ПОМИРИ ДЕКА НЕМА ДА ВЛЕЗЕ ВО НАТО

Украинскиот претседател, Влодомир Зеленски вели дека Украина мора да прифати дека нема да влезе во НАТО. 

Тој додаде дека руските пропагандисти „постојано зборуваат дека војната во Украина е само почетокот, а спомнуваат многумина од вас кои сега ме слушаат, ќе дојдат и кај вас“.

УБИЕНИ НОВИНАРИ ВО УКРАИНА, РУСКАТА НОВИНАРКА ПОМИНА СО ПАРИЧНА КАЗНА

Mладата украинска новинарка Олександра Кавшинова е убиена во нападот во кој беше ранет новинарот на „Фокс њуз“ Бенџамин Хол, а убиен е и снимателот Пјер Закржевски. Таа имаше само 24 години.

„Во вчерашниот напад во близина на Киев, изгубивме убава, храбра жена, Олександра Кавшинова – Саша. Таа сакаше музика и беше духовита и добра. Имаше 24 години. Работеше со нашиот тим изминатиот месец и направи феноменална работа“, напиша на Твитер, продуцентката на „Фокс њуз“.

Марина Овсјаникова, новинарката на руската државна телевизија Канал 1 која во текот на емитување на вестите се појави со транспарент со кој ја осуди војната во Украина и ги повика граѓаните да не ѝ веруваат на пропагандата која ја емитува Кремљ, денеска е казнета со 250 евра, а воедно си даде отказ. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За дури 31 милиони евра се зголемиле добивките на македонските банки во минатата година во однос на една година претходно, односно 2020 година.

Агенцијата за храна и ветеринарство во системот за јавни набавки објави дека е склучен договор за 8 милиони евра со „Бауер“ за изградба на нова административна зграда со лабораториски простории.

Дел од земјите во Европа целосно ги укинаа анти ковид мерките, дел постепено ги релаксираат. Некои најавија дека наскоро ќе стават крај на рестрикцииите следејќи ги насоките на светските експерти дека корона вирусот полека ја губи силата и би можело да се стави крај на пандемијата.

Акционерите на градежната компанија „Бетон“ го усвоија предлогот кој дојде од менаџментот на чело со Минчо Јорданов и на акционерското собрание кое се одржа во петокот дадоа зелено светло да се продаде деловно административната зграда на компанијата. На ова вонредно собрание поминаа и други предлог одлуки меѓу кои и продажбата на голема квадратура деловен простор кој „Бетон“ го поседува, а е лоциран во општина Ѓорче Петров. Тука спаѓаат повеќе катастарски парцели во зградите на улицата Кирана. 

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови