28 Април, 2024
0.0269

Фармацевската компанија Новартис со донација на Клиника за детски болести

Објавено во: Мои пари 29 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

На Клиниката за Детски Болести на Одделот за онкологија и хематологија, денес од страна на компанијата Новартис беше дониран апарат за аплицирање на цитостатска терапија кај деца со малигни болести. Се работи за инфузиомат од најновата генерација на пумпи за дозирање и пласирање на мали дози на цитостатска терапија кај деца. Вредноста на апаратот е 171.100, 00 денари.

Апарат за аплицирање на цитостатска терапија

”Благодарни сме на Новартис за донацијата. Вакави апарати секогаш недостасуваат особено на овој оддел каде имаме еден континуитет ако не и благ пораст на пациенти со малигни болести. Со него се олеснува апликацијата на цитсостатската терапија која мора да се дава во одредени дози на одреден период и овие апарати токму тоа го овозможуваат. Особено се радувам и кога донациите пристигнуваат од компаниите затоа што гледаме дека и кај нас постепено почнува да се развива општествената одговорнот кај фирмите, а Новартис е секако помеѓу предводниците на овој тренд” – изјави Доц. Др Аспазија Софијанова, директор на ЈЗУ Клиника за Детски болести.

“Ние во Новартис веруваме дека помагањето во заедницата во која работиме е од исклучителна важност, особено кога се работи за помош кај најмладата популација. Се надеваме дека со оваа донација на инфузиомат од најновата генерација ќе ја олесни апликацијата на цитсостатската терапија на Клиниката за детски болести.” - изјави Д-р Јасминка Талеска, Директор на Новартис преставништво во Скопје.

 

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг