ФИЛИПЧЕ АПЕЛИРА: Вклучете се во дискусијата Менталното здравје и пандемијата од коронавирусот - глобални предизвици
Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2020
Министерот за здравство Венко Филипче, преку објава на Фејсбук наведува дека вечерва ќе има дискусија од аспект на предизвиците со кои се соочуваме од актуелната пандемија.
-Вечерва во 19:00 часот, вклучете се во дискусијата ,,Менталното здравје и пандемијата од коронавирусот - глобални предизвици". Сите заедници подеднакво се соочуваат со огромниот предизвик на прилагодување на ваквите физички, социјални, и економски промени, како и на промените во начинот на живот. Дополнителен предизвик претставува и справувањето со стравот од заболување од КОВИД-19 и неговите последици кои може да бидат и опасни по животот, грижата за лицата што ни се блиски, а се особено погодени, и тагувањето по саканите лица поради разделба или изолација.
Прочитајте повеќе за форумот на следниот линк https://www.facebook.com/events/263636805074136/ каде ќе можете да ги пронајдете и линковите како да се вклучите во живо во дискусијата, наведува министерот во неговата објава.