03 Мај, 2024
0.0352

ФИЛИПЧЕ НАЈАВИ: Се подготвуваат болничките капацитети за можен наплив на пациенти

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Болниците низ цела Македонија се подготвуваат за постлетниот период, најави министерот за здравство Венко Филипче, но истовремено изрази надеж дека нема да бидат пополнети капацитетите кога на есен се очекува поголем наплив на пциенти со сезонски грип, ковид и други респираторни заболувања.

-Веќе сега правиме план за здравствените капацитети. Дел од овие капацитети сега се користат, а за дел се прави план и подготовка за снабдување со доволен број на кревети.Институтот за белодробни заболувања во клиничкиот центар сега е целосно празен и спремен да прими пациенти со соодветен стручен кадар. Понатаму болницата во Козле ни е на располагање. Таму сега има десетина пациенти и лекари кои што се на ротација со цел да се намали притисокот каде што сега се лекуваат. Болницата во Лешок, Јасеново, Кавадарци и други капацитети, но целта не е да се зафатат сите овие кревети. Целта е да го спречиме тоа. Една од работите која ја дискутиравме со Фабио Скано, експертот од СЗО е тоа кој момент е вистински ако треба да се донесе дополнителна рестрикција во движењето за да се намали трансмисијата, ако сметаме дека тоа е единствениот механизам, рече Филипче.

Тој истакна дека се надева дека се поголем број граѓани ќе ја сфатат сериозноста на проблемот и ќе се придржуваат до мерките, зашто тоа е најдобриот и најефикасниот механизам да се спречи ширењето на вирусот.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?