Филипче: Видовме лоши примери со брзото отворање на училиштата
Објавено во: Македонија 28 Август, 2020
Венко Филипче, министерот за здравство, денеска одговарајќи на новинарско прашања рече дека нема да се брза со отворањето на вратите во училиштата, освен за оние од прво, второ и трето одделение, поради тоа што се покажале како недоволно добри одлуките на другите змеји.
- Видовме лоши примери во други земји како Германија и Израел. Многу ученици во затворен простор продуцираше многу заболени деца. Потоа следуваа одлуки за целосно или делумно затворање на училиштата. Тоа е сценарио што сакаме да го избегнеме, рече Филипче.
Министерот додаде дека средбата со претставниците на средношколците била конструктивна и дека ќе се исполнат нивните барања за комбинирана настава, но кога здравствените параметри ќе го исполнат тоа. Во текот на учебната година први ученици кои ќе следат настава во училниците ќе бидат оние од шесто одделение основно и прва година средно образование.
Филипче уште еднаш ги потврди своите очекувања дека вакцините против корона вирусот ќе бидат снабдени на почетокот од следната година.