Филипче во видео обраќање порачува: Вакцинацијата ќе биде целосно безбедна
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2020
Министерот за здравство д-р Венко Филипче во видео обраќање им порача на граѓните дека вакцините за корона вирусот се безбедени, се развиваат на веќе проверени платформи и истите се единствен начин да ја победиме пандемијата.
Тој информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број на вакцини за да се вакцинира 60% до 70% од населението колку што е потребно за да се стекне колективен имунитет.
"Вакцините се развиени по безбедносни протоколи и процедури кои што компаниите за производство на вакцини години наназад ги користат. Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите" истакна Филипче.