ФОКУС НА ДЕНОТ: НАТО и денеска топ тема, грипот однесе уште една жртва
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2019
Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ честиташе за потпишувањето на Протоколот за членство во НАТО.
„Се гордееме што гo препознавме моментот. Пред нас има уште многу предизвици“ соопштија осумте пратеници кои ги поддржаа уставните промени.
Унгарија го поздрави потпишаниот пристапен Протокол за прием на Македонија во НАТО и најави брза негова ратификација од страна на тамошниот парламент.
„Ова претставува уште едeн значаен чекор во процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Алијансата и придонесува за зајакнување на стабилноста и безбедноста не само на земјата, туку и на регионот на Западен Балкан, како и на евроатлантската заедница како целина“, се наведува во соопштението.на унгарската амбасада во Скопје.
Оттаму веруваат дека „Република Северна Македонија многу брзо ќе стане полноправна членка на Севрноатлантската алијанса“.Грипот однесе уште еден живот во Македонија.
24-годишна девојка од Охрид со Даунов синдром денеска починала од свински грип на КАРИЛ. За два дена, ова е втора жртва од грип во земјава. Вчера почина 5 годишно девојче.
Стручниот колегиум на Јавното обвинителство на Република на денешниот проширен состанок одлучил дека начелно-правното мислење на Врховен суд за предметите на Специјалното јавно мислење ја нарушува законитоста и ќе поднесе барање за давање автентично толкување на член 22. од Законот за СЈО.Професори од средното хемиско-технолошко училиште во Скопје „Марија Склодовска - Кири“ денеска не одржаа настава, а најавуваат дека нема да предаваат на часовите ниту утре, откако Градот Скопје и министерството за образование и наука назначило етнички Албанец за в.д. директор.
Македонските обвинители, кои го истражуваат бегството на екс премиерот Груевски кој успеа да избега од државата пред да биде приведен на отслужување двегодишна затворска казна поради корупција, објавија дека не пронашле докзи дека имал помош од било кој претставник.
Скопското Обвинителство соопшти дека се анализирани 60 телефонски броеви за кои се сомневаат дека со нив комуницирал екс премерот во азил Никола Груевски.