10 Мај, 2024
0.0364

ФОКУС НА ДЕНОТ: Вештачењето на телефонот на Јанева заврши, критики за изјавата на Заев за крадење историја

Објавено во: Македонија 22 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, боледува во својата Гевгелија, објави „Слободен печат“, со што за прв пат се открива нејзината локација по избивањето на аферата „Рекет“, нејзината оставка и тоа што нема ниту една своја изјава како коментар, по што се јавија низа гласини.

Единствено е потврдено дека Јанева е на боледување од 16 јули, а од матичниот лекар и се препорачани медикаменти и одмор.

Интересно е тоа што докторката која и го препишала боледувањето заминала на одмор во Бугарија.

Oд ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и обвинителката Вилма Русковска ја штитат и ја кријат специјалната обвинителка која си поднесе оставка, Катица Јанева од органите на прогонот. 

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес-конференција реагираше дека веќе седум дена, никој не знае каде е Јанева. 

„Да потенцираме, дека во моментов додека Катица Јанева се крие заедно со еден од нејзините телефони кој што никој не знае каде е, може да влијае на сведоци, може да избега, може да уценува, да рекетира и се’ останато. Заев, Русковска и Спасовски, свесно и даваат простор и време, на Катица Јанева, но и на нивните блиски Кики и Фрики да се исперат од целиот случај“, изјави Арсовски

Во меѓувреме заврши вештачењето на телефонот на Јанева, но детали засега нема за јавноста. 

Твоето површно гледање на работите може да го разори целиот образовен систем, кој и без тоа минува низ криза. Размислувај пред да отвориш уста, те молам, напиша во својата реакција кон премиерот Зоран Заев, академикот Божин Павловски. Реакцијата е една од многуте кои ги предизвикаа тврдењата на Заев за грчката телевизија Алфа со кои тој образложува за македонската историја.

Господине Заев, за ова што си го изјавил пред грчкиот телевизиски аудиториум во држава што поседува изградени политички критериуми би морал да се засрамиш. 99 проценти од македонската наука, култура и уметност е беспрекорно коректна кон сите свои соседи. Доказ се над 70 илјади наслови на книги и публикации во нашите библиотеки и архиви. Зошто толку лаички и смртно опасно го поткопуваш нашиот духовен живот? Твоето површно гледање на работите може да го разори целиот образовен систем, кој и без тоа минува низ криза. Размислувај пред да отвориш уста, те молам“, вели Павловски.

Во интервјуто Заев говори за преспанскиот договор, за јазикот и за корените. 

„Во минатото со обидот да се промени и извитопери целата нашата историја, со преземањето на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи со кои сме опкружени и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО, вели Заев.

Вчера реагираше и режисерот Владимир Милчин.

„Господине Заев, знаете ли нација на глобусов која не присвојувала? Најголемите нации најмногу присвоиле. И територија и историја. Она што не можеле да го асимилираат, го набркале или го истребиле. Ме вџашува леснотијата со која демонстрирате скудно познавање на историјата и ги навредувате Македонците кои паметат или знаат колку и кои војски газеле овде и што оставиле зад себе.“

Можеби ќе ве интересира

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска