01 Мај, 2024
0.0259

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА

Ford инвестира во производството на Transit поради зголемена побарувачка

Објавено во: Мои пари 23 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Автомобилската компанија Ford ќе инвестира во зголемување на капацитетот за производство на комерцијалните модели Ford Transit, Transit Custom  и Tourneo Custom за да се одговори на зголемената побарувачка за овие возила во Европа.

Ford Otosan е ќерка-фирма на компаниите Ford Motor и Коч холдинг. Заеднички, тие ќе инвестираат 52 милиони долари во фабриката во провинцијата Кочеaли, Турција. Со ова ќе се зголеми капацитетот за производство од 40.000 единици до 330.000 возила на годишно ниво или зголемување за повеќе од 12 проценти.

За да се задоволи побарувачката на комерцијални возила, дополнителниот капацитет во Кочели ќе се отвори во септември 2018 година и ќе бидат вклучени поголем број роботи во конструкцијата на возилото, проширување на капацитетите за фарбање и да се зголеми брзината во склопувањето на возилото.

„Ford го поставува темпото на европскиот пазар на комерцијални возила. Поголемите модели на Transit веќе поставуваат рекордни нивоа во продажбата. Оваа стратешка инвестиција на Ford Otosan ќе овозможи да го задржиме чекорот со побарувачката на купувањето, особено затоа штоиновациите, како што е Transit Custom Plug-in Hybrid доаѓа во 2019 година“, вели Линда Кеш, потпретседател за производство во Ford Europe.

Ford е европски бренд број 1 за продажба на комерцијални возила, позиција која е изградена врз успехот на последната генерација Transit возила, предводена од специјалните модели на двотонскиот и еднотонскиот Transit.

Со претставувањето на последната Transit фамилија, Ford скокна од 7-та позиција за комерцијални возила во Европа во 2012 година на водечката позиција во 2015 и 2016 година, со учество на пазарот од 8.5 до 13.2 проценти минатата година. Успехот продолжува и оваа година, кога продажбата на комерцијални возила се зголеми за 9 проценти во првите седум месеци и зголемување на пазарното учество за 13.3 проценти.

„Оваа клучна инвестиција ја зајакнува позицијата на оваа фабрика како главен производствен центар за комерцијални возила за Ford во Европа. Со нашиот континуиран фокус на квалитет и ефикасност, остануваме идеално поставени да го поддржиме бизнисот на Ford“, вели Хајдар Јенигун, генерален менаџер во Ford Otosan. Ford објави дека новиот модел на Transit Custom ќе влезе во производството во текот на 2017 година за да почне со испорака кон потрошувачите во почетокот на 2018 година и да му се придружи на новиот Plug-in Hybrid (PHEV) дериват во 2019 година. 

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор