(ФОТО) Драмата кај реката Морава - Камион ја проби оградата од мостот
Објавено во: Балкан 27 Февруари, 2018
Возачот на камионот кој ја проби оградата од мостот во близина на селото Мијатовац и останал речиси два часа да виси над Морава е спасен.
Премрзнатиот возач од превентивни причини е пренесен во болницата во Чуприја. Во акцијата за спасување беа вклучени полицијата, пожарникарите,брза помош и спасувачи.
Имено, несреќата се случила утрото околу 7 часот. Според неофицијални информации, возачот заспал зад воланот и така слетал по патот и ја скршил оградата на мостот.
Сообраќајот на овој дел беше блокиран и беше формирана колона од возила долга повеќе од 15 километри.