(ФОТО) ЌЕ ЛЕТУВАТЕ ВО АВГУСТ? Наша идеја за дестинација е …
Објавено во: Балкан, Стил 28 Јули, 2016
Фурка е мала туристичка населба којашто се наоѓа на приближно 180 километри оддлеченост од границата со Македонија, односно нешто повеќе од 120 километри од Солун. Се работи за исклучително пријатно место кое ќе ви ги овозможи сите услови за беспрекорен годишен одмор.
Игуана Травел, вашиот верен пријател при патувањата, овојпат ви ја предлага токму Фурка како совршен избор за одмор во август. Во самата населба се наоѓа огромниот маркет Масутис, а локацијата на плажата и зајдисонцата кои ќе ги доживеете таму се причина сами по себе зошто треба да ја посетите Фурка.
Ограничениот број сместувачки капацитети, и покрај сѐ поголемиот интерес за посета и одмор во Фурка, ќе направат да се чувствувате сосема опуштено, бидејќи тука шансите да се создаде преголема гужва се навистина мали.
Уште една добра причина зошто би требало да ја одберете Фурка за одмор во август е идеалната клима во овој период. Температурите се движат околу триесеттиот степен, а секогаш ќе можете да се разладите во пријатно топлото море кое е исклучително чисто во овој предел.