(ФОТО) ЛЕТУВАТЕ ВО СИТОНИЈА? Посетете ги овие плажи а и дивите не одминувајте ги!
Објавено во: Балкан, Стил 26 Јули, 2016
Armenistis
Kavourotrypes (Orange Beach)
Ова не е една, туку повеќе километри помали плажи и лагуни. Orange има неколку барови, лежалки и чадори. Обично привлекува млади лица и кампери кои шаторите ги распостелуваат во близина на боровата шума.
Sykia
Популарна меѓу камперите, оваа плажа има 1,5 км долг брег и прекрасен песок. Посетителите обично се собираат во барови во кои може да изнајмите лежалки и чадори.
Kriaritski
Не е така лесно да седојде до неа, па многу туристи и не знаат дека постои. На неа доминираат карпи и камења, па ќе имате чуство дека се наоѓате на некој грчки остров. Таа е најблиска до Света Гора, а набљудувањето на заоѓањето на сонцето од некоја карпа може да биде незаборавно.
Kalamitsi
Оваа плажа се состои од три преубави лагуни, од кои една е претворена во камп, другата (средна) има хотели, а третата - ништо. И навистина третата е наменета за нудисти.
Tristinika
Северно од Торони се наоѓа 1,2 км долгата плажа прекриена со бел песок. Освен камп и бара на неа, нема речиси ништо. Ако ја посетите вон сезона, нема да најдете ни многу луѓе.
Lagomandra
Фина песочна плажа поделена на три одделни целини. Таа има апсолутно се-борова шума, во која може да се сокриете од сонцето, ресторани, и плажи како и организирани водени спортови.
Kalogria
Оваа плажа долга 600 метри е обиколена со борова шума. Многу е популарна, па е подобро да ја посетите во раните утрински часови. На неа може да се изнајмат лежалки, а на јужниот дел има повеќе плитки места па е погодна за одмор со деца.
Agios Ioannis
Оваа плажа е долга 700 метри и има фин песок кој им се допаѓа воглавно на младите посетители. Ако одлучите да ја посетоте, задолжително понесете си нешто за јадење, бидејќи во баровите нема да најете ништо од тоа.
Бидејќи е свртена кон југ, водата е многу топла. Многумина ја сметаат за најубава плажа на Ситонија.