Фото: Младата украинска заменичка во МВР ја тресе нов секс скандал
Објавено во: Свет 16 Ноември, 2016
Анастасија Деева, новата заменик министерка во украинското МВР задолжена за евроинтеграции, се соочува со нов скандал откако новинари истражувачи пронајдоа провокативни разголени слики, а исто така тврдат дека таа е во врска со нејзин претпоставен, најверојатно самиот полициски министер Арсен Аваков.
Министерот целосно ги негираше обвинувањата дека бил во врска со младата колешка која има само 24 години. Украинското МВР трпи огромни критики бидејќи Анастасија е премногу млада за позицијата иако има факултетско образование во Велика Британија.
Таа прво тврдеше дека протечените слики се монтирани, за потоа да посочи дека станува збор за приватни слики направени додека таа била студентка и дека на нив нема ништо скандалозно.