(ФОТО) НЕДОПРЕНАТА ПРИРОДА НА НАЈУБАВАТА ЕВРОПСКА ПЛАЖА: Луѓето би дале се да летуваат овде!
Објавено во: Свет 14 Јули, 2017
Плажата под името Росли Беј (Rhossili Bay) на полуостровот Гауер е единствена европска плажа која според изборот на порталот Suitcase Magazine се најде меѓу десетте најубави плажи на светот.
Оваа плажа во Велика Британија, која баш и не е толку позната како дестинација за летен одмор, е прогласена за најубава европска плажа.
За голем број тоа било големо изненадување со оглед на плажите во Јадранот, во Шпанија и на грчките острови, но оваа велшка убавица навистина остава без здив.
Росли Беј плажата е опишана како пред се место со неверојатни природни убавини. Посебна ја прават песочните дини и брда, па и не треба да чуди зошто е избор за одмор и уживање во морските радости на многу Британци.
„Препознавање на убавините на оваа плажа за нас не е ништо ново, но сме пресреќни што имаме плажа со светски глас во своја близина“, изјавил Роберт Францис Дејвис од туристичката заедница во Велс.
Инаку, плажата станала славна во 2012 година, кога нејзини кадри се појавија на отворање на Олимписките игри во Лондон.