29 Април, 2024
0.0292

(ФОТО) Необичен симбол на женска зрелост кај народот Апатани

Објавено во: Стил 20 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Во индиската долина Зиро живее племето кое на несекојдневен начин го обележува завршувањето на детството.

По добивањето на првиот менструален циклус, жените кои живеат во ова племе добиваат црни тапи во носовите - Yaping Hullo.

Овие тапи се прават од трската од индиската џунгла, а пред нанесувањето на двете страни на носот се обликуваат и оформуваат со оган.

Овој обичај се поретко се практикува од 1970 година, а постои откога се знае за племето Апатани, баш како и обичајот на тетовирање на лице меѓу жените. Сепак, уште не е пронајден одговор на прашањето зошто жените ова го прават, а ставањето на тапи и тетовирањето, иако причината е заборавена, останале општоприфатени.

По некои легенди, ова некогаш било начин Апатаните да ги заштитат своите жени. Имено, тие секогаш биле сметани за најубави меѓу племињата во индиската сојузна држава Арунашал Прадеш, па припадничките на понежниот пол на Апатанија неретко се киднапирани во нападите на ова племе. Затоа, се верува, дека е одлучено нивната убавина да се сокрие во тетоважите и тапи за нос.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти