(ФОТО) ПАНИКА ВО БЕЛГРАД: Зошто е евакуиран трговски центар?
Објавено во: Балкан 12 Декември, 2017
Трговскиот центар „Делта сити“ во Белград е евакуиран по дојава за бомба, пренесе „Б92“.
На местото се пристигнати припадници на специјалните единици.
Белградски „Блиц“ пишува дека станува збор за лажна дојава.
Од управата на трговскиот центар за „Блиц“ изјавиле дека добиле повик од Министерството за внатрешни работи кога полицијата добила анонимна дојава дека е поставена бомба.
„МВР преку телефонскиот број 192 доби анонимна дојава дека вечерва ќе биде извршен напад на трговскиот центар „Делта сити“ во Белград. Веднаш на местото се упатени наши екипи“- соопштило српското МВР.
Српски Курир пишува дека полицијата ги пуштила работниците и граѓаните внатре затоа што нема опасност. Курир неофицијално дознава дека жена од говорница се заканила дека ќе експлодира бомба.
На лице место има и брза помош. Полицијата работи на пронаоѓање на лицето кое стои зад лажната дојава за бомба.