02 Мај, 2024
0.0372

(ФОТО) Пендаровски: Мицкоски намерно ги наброја сите, а ги изостави само Албанците

Објавено во: Македонија 08 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, со умисла ги набројал сите етнички заедници на Твитер на 14 март и ги повикал да гласаат за кандидатот за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, а единствено ги изоставил само Албанците, вели Стево Пендаровски во денешното интервју за Ал Џезира.

- Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ нема да добие ниту еден албански глас, бидејќи тие имаат ужасна националистичка реторика. Неодамна, претседателот на таа партија [Христијан Мицкоски] напиша на Твитер и ги повика сите македонски граѓани да гласаат за кандидатот на неговата партија, ги наброја сите националности, ги исфрли само Албанците. Тоа не беше лапсус, грешка, тој не се извини потоа, тој така размислува.

Со години, неговиот претходник Никола Грувески, кој кога му требаше, совршено работеше со албанските партии, но за време на предизборниот период ги замоли Македонците да му дадат апсолутно мнозинство за "Албанците да не го уценуваат". Подоцна не му пречеше да бара партнер кај албанските партии за да формира влада, одговори кандидатот за шеф на државата номиниран од владината коалиција.

Овој одговор го даде на прашањето за кого ќе гласаат албанските гласачи на претседателските избори во Македонија, при што рече дека голем дел од оние што ќе заокружат за Блерим Река во првиот круг ќе го сторат истото за него во вториот.

На претходните избори во 2014 вели дека за него гласале 35.000 гласачи Албанци и тоа без поддршка од ДУИ, додека сега очекува тие да бидат многу повеќе. Вели дека се стекнал со голема почит кај граѓаните од албанската етничка заедница со неговиот професионален и неутрален однос во периодот од 1999 до 2001 кога бил портпарол на министерството за внатрешни работи. Тоа му донело почит и признание кај средната и постарата генерација кај Албанците кои го имаат запаметено од тогаш.


Можеби ќе ве интересира

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка