29 Април, 2024
0.0279

(ФОТО РЕПОРТАЖА) ТУРЦИЈА-ТРЕТ ДЕЛ: Белек – турски рај и 50 хотели со 5 ѕвезди

Објавено во: Стил 22 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Фактор беше ексклузивен гостин на ТА Фибула Травел во запознавањето со најлуксузните хотели во Кемер, Анталија, Аланија , Белек.

Стигнавме и до третиот дел од разгледувањето и запознавањето со Турција, градот Белек и најлуксузните хотели.

maxx-royal-belek-golf-resort_037896_full

Се популарно луксузно летувалиште во Турција, развиено посебно за потребите на туристите, Белек е вгнезден помеѓу градовите Анталија  (на оддалеченост од 35 км) и Сиде.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/07/07/reportazha-od-turtsija-zemjata-na-sontseto-plazhite-i-luksuznite-hoteli/" ]Репортажа од Турција: Земјата на сонцето, плажите и луксузните хотели[/button]

Со 300 сончеви денови во годината, кристално бистра топла вода и исклучително чисти плажи, со преку 50 ексклузивни хотелски комплекси со 5 ѕвезди ова градче се вбројува во борбата за титула најдобро летувалиште во Турција.

general-view

Повеќето хотели имаат приватни плажи така да некои посетители ниту еднаш не излегуваат надвор од комплексот.

Самиот град е доста едноставен, а во него се наоѓа мал трговски центар, неколку сувенирници и кафичи. Во центарот е и импресивната џамија, но тоа е отприлика тоа што се историски значајни градби внатре во самиот град.

belek1

Што да видите

За оние кои одморот не го користат само на излежување на плажа и капење, може да прошетаат низ градот или да посетат некои од околните атракции.

Аспендос - древен римски амфитеатар , изграден во втори век. Се смета за главна атракација во околината на Белек како и за најдобро зачуван амфитеатар на светот. Има капацитет од 20 000 места за седење и ден денес во него привремено се одржуваат концерти.

Перге - древен римски град, се наоѓа на околу 15 км источно од Анталија. Основан е околу 1000 год . п.н.е и неговите рушевини се нешто што, доколку имате шанса би требало да ги погледнете.

Куршунлу водопади - се наоѓаат на автопатот помеѓу Анталија и Аланија. Во таа област живеат преку 100 различни видови птици. Зад водопадот се наоѓа скриена пештера, една од најпуларните атракции за авантуристи.

Во близина се и два големи национални паркови, Телмесос и Копрула. Во понудите се и излети до Памуккале, како и до околните Манавгат водопади.

belek2

ШТО ДА ПРАВИТЕ 

Белек првенствено е рај за голферите. Претставува главен голферски центар во Турција, кој воедно е и домаќин на бројни шампионати и натпревари во голф. Има 6 светски признати терени со 18 дупки кои ги гостат вљубениците во овој спорт без разлика на тоа дали се професионалци или почетници.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/07/11/galerija-antalija-najgolemiot-biser-na-turskata-riviera/" target="blank" ](ГАЛЕРИЈА) Анталија – најголемиот бисер на турската ривиера[/button]

Ако на одмор тргнавте со цел да се излежувате на плажа, печете на сонце и пливате, Белек е повеќе од погоден. Плажите се исклучително чисти, во согласност со светски стандарди, а ако сето тоа ви се здосади набрзо може да се позанимавате со некои спортови на вода, што вклучува wind surfing, нуркање, скијање на вода и слично.

Меѓу екстремните активности се нуди и рафтинг (на реката Копрула) и планинарење.

Јадење и пијалок

Во Белек има многу малку ресторани, што е и логично бидејќи голем број на туристи имаат оброци во своите хотели. Она што вреди да го пробате е свежо подготвена риба, како и кебаб. За подобар избор посетета го Кадрие кој се наоѓа на само 4 км од Белек, а лесно е достапен со редовни минибусеви.

Кој не го мрзи може и до Анталија која е оддалечена околу 20 км.

belek3

Шопинг

Многу хотели имаат сопствени сувенирници и продавници, додека во градот се наоѓаат помал број на улични пазари. Ако ви затреба простор за лесен шопинг секогаш можете да скокнете до блиското градче Кадрие кое има повеќе за понуда во смисла на продавници, ресторани, а тука се и редовни автобуси до Анталија и Аланија.

Ноќен живот

За ноќниот живот може да се рече слично како и за ресторани. Хотелите имаат сопствени клубови и барови и доволно добра програма . Ако тоа не ви е доволно, пак иста препорака - можете да отидете до Анталиј, Аланија и Кадрие.

Сега она најглавното ХОТЕЛИ

Сите хотели имаат пет ѕвезди

Хотелот “Адам и Ева“  е со 5 звездички и е вистински рај на земјата . Во него има 497 соби, од кои 25 огромни апартмани со свој сопствен базен. Освен лукзусот и необичниот дизајн, осветлувањето на собите во различни бои го прави хотелот уште поинтересен и поразличен. Вистинско место за уживање.

adam6

Веќе е славен по кујната, различна во секои од своите дури седум ресторани, но и по вип-забавите, кои често се организираат, а на кои присуствуваат не само турските, туку и светски ѕвезди.

Од вкупно 11-те бара, за гостите дури 10 се со концепт „сè вклучено“.

adam2

Собите се пространи и опремени со џакузи и сите технички врвни апарати. А креветите, мегаломански, зафаќаат површина од 24 квадратни метри.

adam5

Цената на една ноќ во двокреветна соба во овој хотел со пет ѕвездички изнесува околу 500 евра, а на апартманите од 1.000 евра па нагоре.

adam10 adam14

ХОТЕЛ „СИАМ ЕЛЕГАНС“

Хотел во кинески стил.Хотелот се наоѓа во регионот Богазкент. Оддалечен е 40 км од аеродромот во Анталија. Има вкупно 523 единици распоредени во три згради. Сите соби и апартмани се комплетно опремени. Услугата е 24 часа Ultra all inclusive на база на шведска маса. Главниот ресторан е Samui, а тука се и La Luna (италијански), Khun Maei  (кујната од Далекиот Исток), Sarai (рибји), суши-бар, снек-ресторан, барот Pattaya, и Café Chai. Има и сè останато – лекар, хемиско чистење, чување деца, шопинг-центар, фризер… Отворен и затворен базен, базен за деца… Сопствена плажа, тобогани, сауна, турско купатило, можности за многу спортови…

Следена и последна дестинација - Анталија, Кемер и последното ноќевање.

Анталија (Antalya) – бисер на турската ривиера, еден од најважните центри во регионот и рај за туристите. Градот е опкружен со високи планини и медитеранско крајбрежје. Областа е исполнета со бројни археолошки и историски објекти кои нудат големи можности за пешачење од секаков вид.

Туризмот е главната работа во економијата на Анталија и регионот. Меѓународниот аеродром на туристичкиот град е една од портите на Турција за развој на меѓународниот туризам.

Она што ја прави Анталија толку величествена е градот сокриен под прекрасните плажи со големиот број на високо луксузни хотели кои ви нудат сѐ што ќе посакате.

На брегот на Анталија има безброј плажи што ќе ги задоволат и најголемите барања.

Оние кои сакаат да го вкусат традиционалниот одмор на плажа, можат да се оддадат на културен туризам со екскурзии до остатоците од античките градови и другите убави места во регионот.

Денес Анталија е мешавина помеѓу модерна метропола и старомодно мало гратче. Тоа е оаза со мали џамии и реставрирани дрвени отомански куќички. Пристаништето Анталија е прекрасно место за одмор и релаксација, можете да уживате во прекрасната глетка и чамци во некоја од многуте пријатни кафиња и барови.

ХОТЕЛ „ГОЛДЕН ЛОТУС“

1242975033_thumb2

Хотел со прекрасни соби. Хотел на самата плажа. Прекрасен хотел, кој делува толку пријатно и семејно, како да сме биле цел живот во него, а престојувавме само неколку часа. Има 4*, но внатре сè е пријатно, убаво, чисто… Собите прекрасни, пространи, со поглед на море.

hotelwebsite-92394-02ab5a95cabc6a6eb54ab66006b622c1-image

Хотелот „Голден лотус“ е во центарот на Кемер, на 55 км од аеродромот во Анталија. Има 130 сместувачки единици, комплетно опремени. Услугата е All inclusive на база на отворено бифе, изборот на храна е солиден. Има отворен и затворен ресторан и Лоби-бар кој работи од 10.00 до 24.00 часот.

5302323_700

Останатото е стандард. Отворен базен и базен за деца, фитнес центар, сауна, џакузи, турска бања, парно купатило, лежалки и сонцобрани не се наплаќаат за гостите. Можност за спорт. Посебно се плаќа за масажа, спортови на вода, билијар, пикадо… И овде, како и во сите претходно посетени хотели, најмногу гости има од Русија и Германија, но и од останатите западноевропски земји.

1160371933

Турска бања, масажа, парно купатило, џакузи

Кемер е приморски град кој изобилува со многу хотели – од скромни, семејни пансиони па се до супер луксузни клубови со пет ѕвездички. Објектите за туристичка дејност во градот многу брзо се множат, па ако во 2000 година. имаше не повеќе од 20 хотели, во 2012 година бројот на големи хотели, не вклучувајќи ги останатите сместувачки капацитети, достигна повеќе од 170. Туристичката област Кемер ги вклучува и регионите Beldibi, Goynuk, Кемер, Kiris, Chamyuva, Tekirova.

Доколку имате желба и можности отпатувајте во некој од овие градчиња.

 Ако размислувате да го поминете одморот во Турција, немојте да се двоумите бидјеќи, најблаго кажано, ќе останете без здив а Фибула ви нуди пакет аранжмани за 7, 10, 11 и 14 ноќевања а со платен авио билет ќе си добиете гратис сместување во хотел со 3*** All Inclusive за само 240 евра . За 2 деца бесплатно во авион и хотелско сместување.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти